ЕУ не измaми за вакцините – ги плативме, а не ги добивме, oбвинува Додиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска постави прашање – зошто од Европската унија не испорачуваат вакцини против коронавирус за БиХ, кои се платени 6,5 милиони евра, истакнувајќи дека тоа е целосно некоректно.

„Кога станува збор за ЕУ, целосно е некоректна приказната“, рекол Додик за новинарите во Лакташи.

Додик изјавил дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рекла дека Европа не може да даде вакцини за помалите земји, а нагласил дека ЕУ во декември земала 6,5 милиони евра за вакцини, кои сега не ги испорачува.

„Каде го има тоа на светот? Само на Западот? Зошто не ни ја испорачате нашата вакцина?“, рекол Додик.

Тој додал дека тие вакцини биле поевтини, бидејќи биле платени со аванс

„Сега тие би биле најсреќни ние да ги повлечеме парите, а тие да ги продадат вакцините двојно поскапо? Тоа е таа приказна. И коректно ли е тоа?“,рекол Додик.

Тој изјавил дека амбасадорот на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер се фалел кога неодамна на сараевскиот аеродром пристигнале мали количини на вакцини.

„Што ни значи тоа што дошле 14.000 вакцини – тоа и понатаму е измама“, рекол Додик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This