ЕУ РЕТЕРИРА ОД ПОДДРШКАТА: Единствено решение за Сирија е политичко, никако воена интервенција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сирија, Русија, Иран и Западен Балкан беа основните теми на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој се одржа денеска во Луксенбург .

Министрите остро го осудија користењето на хемиско оружје од страна на сириската власт. Општо беше мислењето дека ограничените воздушни напади што ги презедоа САД, Франција и Обединетото Кралство врз цели во Сирија поврзани со производство и складирање на хемиско оружје, се наменети за спречување на нови напади со такви супстанции.

Министрите за надворешни работи го потврдија ставот на ЕУ дека не може да има воено решение за конфликтот во Сирија.

– Единственото можно решение за конфликтот во Сирија е политичко, а ние треба да работиме заедно за да го продолжиме процесот во Женева. ЕУ нема да инвестира средства за обнова на земјата, се додека не почне политичкиот процес. Даваме сигнал дека е крајно време да се спроведуваат резолуциите на ОН за непречена политичка транзиција и сите напори треба да се насочат во оваа насока, истакна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Западниот Балкан, исто така, беше меѓу главните теми на агендата на Советот. Министрите изразија загриженост во врска со ескалацијата на тензиите помеѓу Белград и Приштина, истакнувајќи ја потребата за решавање на прашањата преку дијалог. Беше потенцирано значењето на пристапот на земјите од Западен Балкан на позициите на ЕУ во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Првите 28 дипломати, исто така, разговараа за развојот на односите со Русија, потврдувајќи го ставот на ЕУ дека целосната имплементација на аранжманите во Минск останува клучен услов за значителна промена во односите.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ја потврдија својата поддршка за Заеднички акциски план за нуклеарната програма на Иран. Се разговараше за понатамошни чекори на ЕУ за продолжување на спроведувањето на договорот од страна на сите страни.(МИА)

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This