March 28, 2024, 11:40 am

ЕУ: Сопфатен договор ќе биде потпишан по постигнувањето на договорите меѓу Белград и Приштина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово и Србија ќе потпишат сеопфатен договор за нормализација на односите, откако ќе се разгледаат сите теми и ќе се постигне договор за се. Патот до ЕУ за обете страни минува низ дијалогот посредуван од ЕУ, изјави портпаролката на ЕУ Набила Масрали.

Таа додаде дека ЕУ, како посредник, ќе соработува со страните со цел да се постигне сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, истовремено решавајќи ги сите нерешени прашања. Според неа ЕУ очекува од страните да ги спроведат сите постигнати договори во минатото.

-Нерешените прашања во претходните договори ќе бидат решени паралелно во преговорите за сеопфатен договор, изјави Масрали.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, наредната рунда на експертските сотаноци во рамки на дијалогот треба да се одржи во четврток во Брисел, за што српските провладини медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори на „Вечерни новости“ пишуваат дека „на српската делегација утре во Брисел ќе и биде преставен ултиматум-нацрт на сеопфатен договор со Приштина, со кој ќе се бара де факто признавање на Косово“.

– Белград не е запознат со тоа дека нацрт на сеопфатниот договор ќе биде предаден на делегациите на Приштина и Белград во Брисел во четврток, изјави денес министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој додаде дека е убеден дека доколку има таков предлог, претседателот Александар Вучиќ ќе одговори во согласност со државните и националните интереси.

Во Брисел во четврток нема да има никаков ултиматум за признавање на Косово, изјави политичкиот аналитичар Душан Јањиќ, директор на Форумот за етнички односи.

-Мислам дека се работи за спин зад кој може да стојат руските интереси и неколку политичари од сегашната владејачка коалиција и нивниот близок весник „Вечерње новости“. Вучиќ треба да ја соблече јакната и да види каде му седат тие одлични пријатели кои му ставаат жешки камења во чевлите, оцени Јањиќ.

-Од мирен регион губат огромна маса на актуелни политичари, богати луѓе и криминалци во Србија и во Косово, но губат и Русите. Се работи за наводна намера да се поддржи Александар Вучиќ, а во суштина да се утврди тезата што доаѓа од руски извори дека Вучиќ води антируска хистерија. Не гледам никаква хистерија против Русија, напротив, се работат на тоа да се уважи рускиот притисок да го задржат Дачиќ во владата, објасни Јањиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This