March 29, 2024, 11:53 am

ЕУ СО РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ЦЕНЗУРА НА ПРАВОСЛАВИЕТО: Европскиот парламент донесе резолуција за цензура на Руските медиуми и Православните цркви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот Парламент одобри драфт резолуција со која се става знак на еднаквост помеѓу Руските медиуми „Спутник“ и Раша Тудеј, со пропагандата на ИСИС

Evropska_komisija

Европскиот Парламент ја усвои драфт резолуцијата предложена од европратеникот од Полска Ана Елизабета Фотига за Европска стратешка комуникација за спротивставување на пропагандата против блокот од трети страни, во кој се наведува Русија како виновник во пропагадна против Европската Унија.

Вкупно 691 закондавец земаа глас во гласањето, 304 гласаа за, 179 против, а 208 воздржано. Авторите на документот ставаат знак на равенство во борбата против пропагандата помеѓу Русија и ИСИС, и ги повикаа земјите членки на ЕУ да го зголемат финансирањето на контра-пропагандните проекти.

Според „ЕУ Обсервер“ медиум на Унијата, работните групи кои треба да работат на спротивставуање на Русиа ќе добијат 1 милион евра, за да ја спроведат гореспоменантата цел. Необврзувачкиот документ вели дека Русија наводно „агресивно употребува широк спектар на алати и инструменти“ за да ја ослабне Европската Унија.

Драфт резолуцијата тврди дека Русија наводно обезбедува финансиска помош за политичките партии и организации во земјите членки на ЕУ, употребувајќи ги билатералните односи за да го подели блокот. Новинската агенција „Спутник“, „Раша Тудеј“, „Руски мир“ фондацијата и Руската Федерална агенција за иселеницеите, „Росотрудничество“ агенција за културна соработка се имињата кои се наведуваат како главни виновници во наводното ослабнување на унијата.
Во документот се повикуваат земјите членки на ЕУ да соработуваат со НАТО во обид да се спротивстават на пропагандата на Русија, преку осмислување на нови координирани стратешки комуникации.

Во резолуцијата се обвинуваат и религиозните групи, како Православната црква која „ги оспорува Западните вредности и ја поделува Европа“.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This