ЕУ утре ќе одлучува дали ќе се воведат ковид пасоши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европските лидери утре ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за сертификат за граѓаните на Европската унија кои биле вакцинирани против ковид.

Сепак, членките на ЕУ не се едногласни по ова прашање.

Некои европски земји, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо донесување на сертификат на ЕУ, за да можат слободно да патуваат оние кои веќе се вакцинирани, пренесува Ројтерс.

Сепак, некои земји, како што се Франција и Германија, се повоздржани затоа што со одлука за сертификат вакцинацијата ќе се направи задолжителна и би значело дискриминација на луѓе на кои, од одредени причини, не им е дозволено или не сакаат да се вакцинираат.
Франција, каде чувството против вакцинација е особено силно, вети дека нема да ги принудува своите граѓани да се вакцинираат и верува дека идејата за ваков пасош е прерана.

Британската агенција додава дека треба да се разјаснат деталите, како на пример дали сертификатите за вакцинација треба да бидат во дигитална форма, важечки на глобално ниво и кога треба да се издадат, со оглед на тоа што се примаат две дози вакцина против корона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This