ЕУ ќе го води Дијалогот Белград – Приштина „на два паралелни колосека“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Брисел денеска ќе се одржи средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти со посредство на Европска Унија, како прв чекор во обновениот Дијалог Белград – Приштина.

Според српската новинска агенција ТАНЈУГ, ЕУ планира од септември да го интензивира Дијалогот и да го води „на два паралелни колосека“.

Едниот „колосек“ ќе биде посветен на финализација и конечна примена на сите досега потпишани договори, а вториот е работа на договор за сеопфатна нормализација.

ЕУ истакна дека за продолжување на Дигјалогот извршени се темелни подготовки, договорени се темите, добиена е поддршка од земјите-членки, и како најважно ја истакнува, политичката волја и посветеноста на лидерите во Белград и во Приштина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This