ЕУ ce yштe нe знae штo дa пpaви co бeгaлцитe oд Aвгaниcтaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија се уште нема единствен план за бегалци, и покрај ветените реформи по бегалската криза од 2015 година, објави денеска Радио Слободна Европа, според проценката на светските медиуми.

Откако талибанците го зазедоа Кабул, Европа стравува дали ќе се повтори бегалската криза која го зафати регионот во 2015 година и ја затру нејзината политика, пишува Фајненшл тајмс.

Весникот посочува дека сите европски лидери стравуваат оти континентот може да се соочи со огромен прилив на баратели на азил од Авганистан, што ќе ги зајакне десничарските популисти пред изборите во Германија и Франција.

Повеќето членки на ЕУ се согласија да прифатат мал број Авганистанци, особено оние кои работеле за нивните војски, амбасади или меѓународни хуманитарни организации, но сите не сакаат да размислуваат за поголем прилив, особено Германија, чија одлука да прими повеќе од милион баратели на азил во 2015-2016 година, до темел го потресе политичкиот систем на земјата.

Стравувањата на Германија од нова бегалска криза се зајакнаа кога министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер истакна дека враќањето на талибанците може да принуди меѓу 300.000 и пет милиони Авганистанци да избегаат.

Сликите на илјадници Авганистанци кои се обидуваат да ја напуштат земјата, ги исплаши европските политичари од евентуалното ново масовно движење на муслимански баратели на азил, пишува Њујорк тајмс.

Весникот, исто така, укажува на загриженоста на ЕУ дека новите мигранти ќе го разгорат жарот на екстремно десничарските и популистичките движења кои ја преобликуваа политиката откако бранот баратели на азил од војните во Сирија и Ирак ја зафатија Европа во 2015 година.

Со претстојните избори во Германија и Франција, европските политичари се решени да избегнат вид на популистичка реакција која следеше по бегалската криза пред шест години, кога, како што додава весникот, етнонационализмот зафати нови корени, а антиимигрантските партии се заканија дека ќе ја распаднат Унијата.

Сепак, експертите велат дека споредбата е погрешна бидејќи оттогаш поддршката за антиимигрантските партии се намали, заедно со бројот на мигранти.

Меѓутоа, Авганистанците се соочуваат со недостиг на емпатија во Европа, кој би можел да биде несовладлив, иако „Њујорк тајмс“ посочува дека Авганистан може да претставува посебна морална обврска и одговорност за Европа од другите војни, бидејќи многу европски земји се приклучија на американската инвазија по нападите на 11 септември врз САД.

Таму каде што постои консензус во повеќето европски земји, идејата е дека Европејците сакаат да ги задржат бегалците во регионот во близина на Авганистан, пишува „Њујорк тајмс“, цитирајќи многу европски претставници во последните денови, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, кој истакна дека „Европа не може сама да ги преземе последиците“ за падот на Авганистан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This