ЕФТИНИОТ ПОПУЛИЗАМ НА ЖЕРНОВСКИ: Откако ги потроши парите на центарци на пропаднати проекти, Жерновски ја донираше платата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мрзеливиот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски повторно сака да се продава кај јавноста како хуманитарец, донирајќи ја својата плата за социјално загорзените семејства. Но, независно од тоа останува фактот дека Жерновски ги остави за 30.000 евра „покуси“ центарци за настан кој никогаш не се случи, и за уште неколку милиони со изградбата на „фејк“ боемски улици

zernovski_pred_sjo-640x360

 

Ефтиниот популизам на Жерновски не е ништо повеќе од очаен обид на неговите „ПР“ експерти кои како опозициски новинари добија вработување во општината.

Сепак, донирањето на платата е далеку од доволно јавноста да заборави на скапите ручеци на директорот на Паркинзи Центар Саша Богдановиќ, платите од неколку илијади евра, забавите и сето тоа секако платено од центарци.

Во најмала рака, Богдановиќ би требало да го следи примерот на Жерновски, па до крајот на неговиот мандат платата да ја донира, а на сето тоа и да издвои нешто од својата заштеда која досега ја трошеше на скапи ручеци во земјава, но и во странство.

Bogdanovic-vo-kafana-na-smetka-na-parking-centar

 

Воедно, Жерновски е должен и 30.000 евра за „настапот“ на Стив Аоки, кој без воопшто да се појави на сцената ги „собра“ парите на граѓаните на општина Центар. Во јавноста дури и се зборуваше дека од таа зделка, профитирал лично и Жерновски.

Освен ова боемската улица од џебот на граѓаните на општина Центар, потроши 1.3 милиони евра за 400 метри улица. Затоа смешни се обидите на Жерновски со вакви подвизи да се испере пред јавноста.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This