March 28, 2024, 10:20 pm

Ефтини лаптопи нема, најефтиниот е 40 илјадарки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На ден пред почетокот на учебната година продавниците каде што вообичано има компјутерска опрема,се празни-нема ниту еден лаптоп или компјутер по цена пристапна за едно просечно македонско семејство. Од ИТ галантерија, единствено може да се најдат рачунала по баснословни суми кои се движат и до 90.000 денари.

“Моментално од лаптопи, најефтиниот што го имаме е 40.000 денари,чекаме нови залихи бидејќи се’ се потроши. Имавме порано и по 15.000 денари,но не знаеме што ќе добиеме и по која цена ќе бидат новите уреди. Не верувам дека ќе стигнат до 1-ви октормви бидејќи нема залихи ниту во Скопје.

-Наша препорака Ви е компјутер тие чинат од 17.000 денари па нагоре, без монитор кој чини 5.000 денари.Ако сакате оригинал лиценца за оперативен систем тоа чини дополнителни 7.000 денари,а камерата е од 500 денари нагоре.Но сега немаме буквално ништо,ниту компјутери, ниту лаптопи.”

Родителите не знаат кој крај да го фатат, скептични се дека компаниите останале без комјутери кои до вчера чинеа по 12-тина илјади денари.Во ова гледаат вносен бизнис од кој дебело ќе се офајдат.

Ситуацијата е тешка,вели охриѓанецот Димче Каневче кој се нафати да им помага,снабдувајќи ги со комpјутери дечињата на најранливите семејства и до сега успеал да донира 24 компјутери.

Не само што немаат комјутер, туку голем дел од нив немат ниту интернет, а исти така голем дел не знаат да ги користат уредите затоа што претходно ги немале.Не е лесно да се влезе во тие семејства, во тие домови каде што може да се забележи се’ само не простор за пристојно и нормално живеење, изјави Димче Каневче

Раскажува за седумдетното семејство и уште едно со 4 дечиња кои се борат да ги извадат своите чеда на прав пат.Снабдувањето со комјутери не оди лесно вели Каневче,набавувам дел по дел,а потоа ги испраќам кај кавадарчанецот Борче Стаменов кој ги дотерува старите комјутери. Во моментов имаме околу 200 семејства кои ни се обратија за помош, но понекогаш треба да се чека и по еден месец оти нашиот список е долг,а времето кратко. Добри луѓе секогаш ќе се најдат, но што прави државата, прашува Каневче.

Сите бевме свесни во еден период кога државата обезбеди компјутер за секое дете и при контакти со училиштата не добив одговор што се случи конкретно со тие комјутери.Мене тоа ме чуди, затоа што сите училници ,сите училишта беа преполни со комјутери кои не се користеа.Претпоставувам дека голем дел беа упропастени од децата, но што е со остнатиот дел,навистина не ми е јасно, дополни Каневче

Од училишата со кои стапил во контакт му кажале дека имаат само по неколку здрави монитори,и толку. Во оваа наша земја има семејства кои живеат во сиромаштија,но имаат силна желба да ги опсименат своите деца,додава нашиот соговорник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This