March 28, 2024, 10:34 am

ЕФТО ПУПИНОСКИ РЕВОЛТИРАН НА ОХРИЃАНИ:„Охриѓани што луѓе ќе бевте… Никогаш не сте биле мои“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ефто Пупиноски еден од нашите најпопуларни фолк пејачи кој низ целиот Балкан се прослави со незаборавната “Лихнида кајче веслаше”, песната која на српски јазаик ја испеа легендарниот Мики Јевремовиќ, и песна која Охрид го слави на свој начин, деновиве “без влакно на јазикот” отворено им се обрати на охриѓаните. Еве, што многу емотивно вели Ефто, а вие самите проценете (особено охриѓаните бидејки ним директно им се обраќа) дали е во право или не:

„Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме Катинке? Значи ја знаете добро.Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете – одлично!

А, ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.
Велите овие песни ги знае и старо и младо.
А, го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се зборува за Охридското езеро?
А ,бре охриѓани. А, бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?
На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.
Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“. Хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто: Тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This