April 25, 2024, 11:54 am

Жалбата на екс-премиерот Груевски на затворската казна од 2 години пред апелација одложена за утре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелација за утре ја презакажа јавната седница по жалбата на екс-премиерот Груевски за пресудата за Тенк. Груевски и неговите адвокати не се појавија на денешната седница бидејќи во исто време во Кривичен се одржуваше рочиштето за протестите пред Општина Центар.

Второстепениот суд најверојатно утре ќе ги соочи аргументите на СЈО и на одбраната, за пресудата за набавката на блиндираниот мерцедес со која Груевски беше осуден на казна затвор од 2 години, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на 6 години и 6 месеци. Ако апелација ја потврди ваквата пресуда, Груевски ќе треба веднаш да почне да ја издржува двегодишаната затворска казна.

Ве меѓувреме неговите адвокати реагираат дека секојндевно се соочуваат со истиот проблем. Кривичен во исто време закажува повеќе рочишта за различни предмети на СЈО, а судиите наместо разбирање им се закануваат со високи парични казни. Од овие причини адвокатот нтасевски денска и го откажа полномошното и на поранешната министерка Јанкуловска, на која во исто време и се судеше во одвоената постакпа за набавката на блиндираниот мерцедес.

Преку писмено соопштение одговорија од Кривичниот суд. Оттаму велат дека секојдневно прават напори за прецизни и усогласени распореди на рочиштата  и дека водат сметка обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да ја подготват одбраната. Проблемот се јавува кога во различни предмети на СЈО се обвинети исти лица, кои имаат по двајца или повеќе адвокати. Во вакви случаи судот при закажување на распавите, судот внимава на рочиштето да може да присуствува барем еден од бранителите на обвинетиот.

И покрај ваквото објаснување, адвокатите и утре ќе се соочат сои истиот проблем, бидејќи покрај јавната седница во Апелација, во Кривичниот суд  се закажани продолженија на судските процеси за собраниските настани, како и за трите предмети на СЈО, Тврдина таргет, Тенк и Монструм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This