ЖАЛНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски режисер Тихомир Бачовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово, ненадејно, во својот дом, почина еден од најпознатите македонски режисери, Тихомир Бачовски.

Меѓу своите колеги, важи за еден од најголемите професионалци, кој со децении, како голем вљубеник во режијата, креираше македонски производи кои сега ќе бидат голем сведок за неговата работа. За оние кои приватно го познаваа, Тихомир беше добар, семеен човек, кој неуморно говореше за она што го работи, со многу љубов и посветеност. Има сопруга, две ќерки и четири внучиња.

Неговиот погреб ќе се одржи утре, на градските гробишта во Бутел од 13 часот, еден час порано, неговите посмртни останки ќе бидат во капела на истите гробишта. Утре во 10 часот во МРТ е организирана и комеморација за починатиот режисер.

БИОГРАФИЈА

Роден 1950 година во Скопје. Првите контакти со филмот датираат од 1966 година. Како познат кино аматер веќе во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашните југословенски простори освојува повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во категоријата “Игран филм” во Љубљана, Загреб, Белград. Од 1971 година почнува професионално да се бави со режија во Македонската телевизија, чиј творечки опус трае повеќе од три децении во сите жанрови: играната, забавно-музичката, контактно-рекреативната, шоу програмата, директните преноси. Илјадници километри филмска и видео лента, безброј емисии, бројни наслови, часови и часови програма, учество на повеќе телевизиски фестивали во некогашната ЈРТ шема, со повеќе признанија и награди.

Седумдесетите години работи повеќе како режисер на документарната серија “Луѓе и судбини” од кои се издвојуваат документарниот филм за “Маалата и маалскиот живот” и “Старата чаршија” во Скопје – работени на негатив филм

Во овој период ангажирано работи и како помошник режисер на сите големи играни проекти снимени во продукција на телевизија Скопје:

  • телевизискиот филм “Табакерата”,
  • “Смилевскиот Конгрес”,
  • играната филмска серија “Патот кон иднината”,
  • филмската тетралогија (четири играни филма по 90 минути) под наслов “Илинден” и
  • играната серија “Итар Пејо”…

Сите, освен Итар Пејо, се снимани и работени на негатив филм.

Во 1980 година го снима својот прв игран телевизиски филм “Двојка” кој во тогашната ЈРТ конкуренција беше номиниран за учество на фестивалот во Венеција 1981, исто така, сниман и работен на негатив филм.

Осумдесетите години, покрај играната програма ги “освојува” шоу програмите (скоро на сите познати пејачи од тогашните ЈУ простори), музичките спотови преку тристотини (300-ни) на број од кои оној со Дорис Драговиќ снимен на плажа во еден кадар, под наслов “Ајде да се мазиме…”. Во 1984 година на телевизискиот фестивал во Загреб од здружението на новинарите на Југославија овој музички спот е прогласен за најдобар на фестивалот.

Во 1984-та година ја снима ТВ драмата “Записник”, повторно со современа тематика како и филмот “Двојка”.

Охрабрен од успехот на “Записник”, како позитивни реакции од широкиот југословенски телевизиски аудиториум, верифициран преку пишаниот медиум, во 1985 година ја снима играната серија “На наш начин” во шест продолженија.

Во овој период работи и како асистент режисер на играните филмови во продукција на Вардар филм: “Јазол”, во режија на Кирил Ценевски, “Среќна нова 1949”, во режија на Столе Попов и “Хај Фај”, во режија на Ристо Блажевски. Во овие проекти работи како асистент задолжен за водење на актерските костими по сцени, избор на статисти и поставување мизансцен на вториот план во филмот.

Во меѓувреме реализира уште еден предизвик. Се опробува како сценарист и режисер на играни рекламни спотови. Првиот таков спот “Едтко” (оној со петелот и девојките со кошулите на плажа) на фестивалот за маркетинг програма во Будва во 1988 година, повторно од Здружението на Новинарите на Југославија е прогласен за најдобар рекламен спот. Наредната 1989 година рекламните спотови “Екстра М” и “Генерација М” (реклами за сендвичи) на фестивалот на реклами за храна во Ниш се прогласени за најдобри во овој жанр. Вакви оригинални реклами снимени се преку шеесетина.

Во овој период снимени или директно реализирани се повеќе контактно-рекреативни програми: “Неделно попладне”, “Сабота без работа”, “Даровизија”, “Ноќни програми”…

Деведесетите години ги карактеризира сé попребирливиот режисерски избор на програми и проекти од сите жанрови. Повторно директни преносишоу емисии, спотови од кои се издвојува филмскиот музички спот “Црна се чума…”за кој филмскиот критичар Ѓорѓи Василевски во 1996 го нарече “спот на деценијата во кој за седумипол минути е раскажана цела епопеја на Македонија…”

Повторно документарни филмови, директни преноси на музички фестивали, емисии…

За овој период треба да се издвои последниот игран проект: играната серија “Салон хармони”, снимена 1997-1998 година во десет продолженија од по 50 минути. Серијата е повторно со современа тематика и по реакциите и на гледачите и на критиката доживеа своевиден успех освојувајќи го вниманието на сите од 7 до 77 години.

Во овој период снима неколку документарни филмови:

–         за болницата за гинекологија и акушерство – „50 години од вечноста“ во траење од 33 мин.

–         за Тутунскиот комбинат Скопје – два филма од 50 мин. и 20 мин.

 

Од 2004 година работи во забавно-музичката телевизија МАКСПОТ како уметнички директор и режисер-супервизор на програмата. Тука, како режисер, снима повеќе од 20-тина концерти на популарни музички ѕвезди, најчесто, со повеќе од 8 камери. Меѓу другите и на: Тоше Проевски (првиот концерт во Градскиот стадион), Здравко Чолиќ, Калиопи, Бојан Маровиќ, Дарио, Парни Ваљак, како и неколку концерти од познатиот Скопски Џез фестивал.

Во ТВ МАКСПОТ се занимава и со едукација на млади кадри – сниматели, монтажери, новинари, водители… Има реализирано и неколку фудбалски натпревари од Прва Македонска лига. Се грижи за визуелниот изглед на програмата.

Инаку, од 2003 до 2016 е режисер на познатиот фестивал Охрид-Фест – Охридски Трубадури.

Од јули 2007 неговиот статус е слободен уметник, со цел да се посвети на играните проекти.

Во 2015, за телевизија „Алфа“ од Скопје, ја снима играната серија „Цимери“, работена филмски, во FullHD техника, во 40 епизоди од по 30 мин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This