„ЖАН МОНЕ“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ОХРИД: На инсистирање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ процесот „Жан Моне“ ќе се одржи во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо во Париз процесот „Жан Моне“ се сели во Охрид. Иво Вајгл за Сител потврди дека на инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицковски процесот како што беше првично договорен, наместо во куќата на Жан Моне во Париз ќе се одржи на македонска територија.

Претставниците од опозицијата настапиле со став дека за внатрешно-политичките прашања треба да се разговара дома, а не во странство. На средбата која треба да се случи во март, ќе се разговара само за начинот за изнаоѓање на политички дијалог помеѓу власта и опозицијата и нејзино враќање во Собранието.

Европратениците се оптимисти дека е возможен нормален демократски дијалог меѓу двете најголеми политички партии. На вчерашното обраќање на Конференцијата за евроинтеграција на земјите од Западен Балкан порачаа дека за иднината на Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО, потребен е дијалог помеѓу партиите.

Европската тројка Вајгл, Кукан и Флекештајн вчера се сретнаа спикерот Џафери и претставници на пратеничките групи, но и со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кој посочил дека има целосен застој во поглед на интеграциите и низок степен на реализација на владиниот план 3-6-9. Мицковски изразил загриженост дека заложбите за интеграција на Владата се само декларативни, но не и суштински.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This