ЖБОГАР ГИ ИСКАРА МАКЕДОНЦИТЕ: Да сме си го сменеле однесувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за Радио Слободна Европа вели дека процесот на помирување не трепа да запре со амнестија за настаните од 27 април, туку да продолжи. За „крвавиот четврток“, потенцира дека инсистираат дека насилниците и организаторите треба да понесат одговорност преку судски процес.

Македонија сега треба да испорача резултати во реформите. Големо незадоволство од реформите во правосудството изрази и господинот Прибе, меѓу другото и затоа што нема промени на судиите кои се сметаа за кочничари на судските реформи. Каква е вашата оценка за сработеното во овој сектор?

Мислам дека доста се направи во судството, реформите продолжуваат, многу закони се сменија, многу препораки од Венецијанската комисија и од страна на Европската комисија беа интегрирани во законите, па во таа смисла мислам дека имаше напредок и треба да бидеме задоволни со тоа. Она што господинот Прибе го кажа е дека има потреба од промена на однесувањето, на менталитетот, а тоа се разбира е потешко да се смени отколку да се сменат законите. Треба време, но примарно треба вистинска посветеност од политичарите и судството. Допрва треба да ги видиме вистинските промени во судството. А вистинските промени би значеле дека судството е целосно независно, отпорно на влијанија од политиката, дека е имуно на самоцензура, дека е професионално, ефикасно, искрено, дека има доверба кај граѓаните, а тоа допрва треба да се постигне, се работи за процес, но со вистинска посветеност и решителност од страна на политичарите и пред се од самото судството, мислам дека е достижно.

Големо незадоволство во јавноста предизвикаа амнестиите кај голем дел од обвинетите за 27 април. Како вие гледате на овој процес кој власта го оцени како помирување, а јавноста го доживеа како уште една повреда на правниот систем?

Да, ние ја разбираме загриженоста којашто постои во јавноста околу амнестиите. Исто така инсистираме дека мора да се понесе одговорност за настаните од 27 април и затоа секогаш инсистираме дека за тие кои направиле насилства и кои ги организирале треба да продолжат процесите за нив и тие ќе продолжат, значи во одреден момент, ќе се понесе одговорност за овие настани во судски процес. Во исто време ја разбираме и потребата за помирување во општеството, постои огромна поларизација во општеството, во политиката најпрво, но се рашири и во општеството, значи има потреба од помирување и таа почна со амнестија за настаните од 27 април. Не треба да запре таму, мислам дека вакви активности и напори за помирување, треба да продолжат. Но, разбирате дека ова беше многу чувствителен момент неодамна и имаше потреба да се почне од некаде и почна токму од амнестија за оние кои учествувале, а не биле насилни на тој настан од 27 април

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This