ЖБОГАР ПОД ИСТРАГА ЗА КРИМИНАЛ: Правел „бомбона бизнис“ со киријата во куќата на Фатмир Бесими?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата се тресе поради низата на скандали во изминатиов период кои произлегуваат од случаи на конфликт на интереси сомнителни тендер и државни грантови. Случајот со ЕУ амбасадорот Жбогар кој е сместен во куќата на советникот за економија и екс-вицепремиер за европски прашања е само последен во низата скандали поради конфликт на интереси.

Имено Брисел го разгледува прашањето на потенцијален конфликт на интереси од кој дел е Делегацијата на Европска Унија во Македонија, со случајот на резиденцијата на ЕУ која се наоѓа во куќата на Фатмир Бесими кој е висок владин функционер. Скандалот го откри телевизија Алфа која меѓу другото испрати прашања до повеќе меил адреси до Брисел, но и до Делегацијата на ЕУ во Македонија.

„Ви благодариме на вашите прашања, ќе биде проверено и ќе бидете дополнително известени. Се најдобро“, пишува во одговорот на А. Смерили, прес- директор за Европска соседска политика и преговори за проширување – Европската Комисија, објави Алфа.

Да се потсетиме дека минатата година, словенечките медиуми пишуваа за афера за перење пари во која е вмешан евро амбасадорот со потекло од Словенија, Самуел Жбогар. Скандалот во Словенија е еден од најголемите корупциски скандали во Словенечката историја, тежок неверојатни милијарда евра Ирански пари кои според наводите се переле преку банка во државна сопственост. Во тие моменти Жбогар е министер за надворешни работи на Словенија, а во истрагата се спомена и актуелниот амбасадор на ЕУ во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This