April 26, 2024, 11:42 pm

ЖБОГАР: Разбирам дека ви треба и симболично признание со датумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По денешната средба на премиерот Зоран Заев со канцеларката Ангела Меркел во Берлин амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, смета дека е добра вест што една толку важна членка на Унијата има многу јасна позиција околу почетокот на преговори на земјава со ЕУ. Во интервју за МКД.мк тој вели дека ќе има дискусии следната недела, но се чини дека нема тогаш да се утврди позиција, туку подоцна. „Не е прашање дали, туку кога. Разбирам дека очекувањата за добивање заслужена надеж, односно шанса, во земјата беа големи, но, во исто време, земјите членки мора да ги следат своите внатрешни позиции“, додава амбасадорот Жбогар. Во меѓувреме, не гледа причина за политичка kpиза во земјава

Германскиот Бундестаг во септември ќе донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ, како што соопшти владината прес-служба по средбата на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел. Ова го сметате за добра вест или за нешто што треба да нè загpижyва?

Прво, немам детали од средбата, освен соопштението од Владата и тешко е од такво кусо соопштение да се суди што се разговарало, особено што ова не е од германската влада. Но настрана од тоа, мислам дека е добра вест да се има многу јасна позиција, ако е вистина. Тогаш добра вест е да се има јасна позиција од многу важна членка на Европската Унија за напредок кон отворање преговори со C Македонија.

Тоа е едната страна од сликата, но другата страна е септември. Не мислите дека тоа е малку доцна за нас?

Можам да зборувам само од името на институциите што ги претставувам, а институциите се многу јасни. Претседателот Јункер, потоа претседателот Туск, беа многу јасни дека земјата направи сè што беше побарано од неа. Сè што се очекуваше од земјата е направено. Вие ги исполнивте сите услови, препораките беа безусловни, многу јасни и не можеше да бидат појасни. Потоа беше очигледна јавната поддршка од двајцата претседатели дека земјата треба да оди на друго ниво. Истото го кажаа и Могерини и Хан. Ова е почетната позиција. Потоа, се разбира е на земјите членки, кои треба да заземат позиција. И со оглед на многу кусото време од извештајот за земјата и Советот наредната недела, се чини дека на некои земји членки им треба малку повеќе време да заземат став.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This