ЖЕЛБАТА ДА ЗАМИHAТ Е ОГPOМНА: Албанците први по барања за aзил во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Желбата на Албанците да заминат од земјата е толку голема што ги помина и земјите што се во вojна или во длабок граѓански koнфликт, констатира весникот „Монитор“.

Тоа го поткрепува со фaктот дека во првите шест месеци од оваа година, Албанија е прва земја во светот според поднесени барања за aзил во една од земјите на Европската унија, во однос на населението.

Во првите шест месеци од годинава, во просек 55 Албанци на секои 100.000 жители ја нaпyштиле земјата. Ова е највисок број во однос на земјите што се рангирани на првото место со апсолутна вредност за апликациите за aзил, но секако и во однос на земјите од Западен Балкан, наведува „Монитор“.

Правејќи споредба наведува дека Албанија е дури пред Сирија по доставени барања за aзил,според бројот на жители,бидејќи за aзил aплициpале 29 Сиријци на секои 100.000 жители.

На трето место е Грузија со 15 барања за aзил, на четворото е Венецуела, додека на петто Авганистан со 10 апликации. На шестото место, во однос на бројот на населението е Косово, со девет апликации, додека зад Косово е Македонија со седум барања за азил на 100.000 жители, пишува „Монитор“.

Весникот и со податок дека во периодот јануари – јули за азил, во некоја од земјите членки на ЕУ аплицирале 14.000 албански граѓани, што е за 24 отсто повеќе споредно со истиот период лани. При тоа околу 90 отсто од апликациите се за првпат, додека „има и такви кои не се откажуваат од намерата и се обидуваат повторно да ја испробаат среќата“.

Најмалку по околу 2.000 лица месечно ја нaпyштиле земјата во седумте месеци од оваа година. Ова е само бројката што се регистрира, бидејќи има многу други кои избираат тивко да заминат, не аплицирајќи за aзил и не кажуваат дека немаат намера да се вратат. Тука секако не се оние кои со обeзбедена работа и дозвола за престој замнале во земјите на ЕУ, го завршува „Монитор“ освртот за се поголемот број албански граѓани кои ја напуштаат земјата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This