Железната Црква Свети Стефан во Истанбул е Македонска Црква

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Железната црква “Свети Стефан“ е Македонска црква затоа што ја изградиле Македонците во Цариград, независно што сега е под јурисдикција на Бугарската православна црква, пишува весникот на Македонското друштво од Тирана, Илинден, и продолжува: Може ќе даде Господ еден ден повторно да биде под јурисдикција на Македонската православна црква – Охридска Археипископија и Јустинијана Прва, како што било и треба да биде!

Отпочеток била изградена од дрво. Грците им ја палеле неколкупати црквата на и затоа Македонците решиле да ја изградат за никогаш да не изгори. Султанот им дал рок за изградба, а Македонците чорбаџии ја порачале во Австрија, целата била конструирана таму, направена само од железо, склопена на месноста Фанарот каде што и денес се наоѓа. Ја изградиле во најбрз рок, во неа има само железо и штрафови, во железната црква нема дрво, камен, цемент, вар или тули. Целата црква е од железо и како таква претставува уникатно ремек дело во градителството на православниот свет, заштитена со закон како национално културно-историско наследство! Во неа и денес се црквуваат само Македонци кои живеат во Истанбул, се разбира турски државјани, чии корени се од Егејскиот дел на Македонија!

Во Железната црква “Свети Стефан“ служеле многу Македонци епископи. Во Железната црква “Свети Стефан“ е гробот на последниот полински (дојрански) епископ Партениј Зографски, хиротонисан од Цариградската патријаршија. Партениј Зографски истовремено бил учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите Македонци во 19 век во Македонија.

Партениј Зографски, чие крштелно име и презиме е Павле Тризловски, роден е во 1818 година во Галичник, како првороден син на Василко и Доста. Првото образование го стекнал во манастирот “Свети Јован Бигорски”, а во 1836 година во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов. Замонашен е во 1842 година во Зографскиот Манастир на Македонската Света Гора, при што го добива името Партениј, а по манастирот и презимето Зографски. Партениј Зографски завршил Духовна академија во Одеса, учел во Кипријанскиот манастир во Молдавија и во Киевската семинарија, а од 1846 до 1850 година е редовен студент во Духовната академија во Москва.

Автор е на многубројни дела со кои се создадени темелите на граматиката на Македонскиот јазик. Пред појавата на Партениј Зографски, во училиштата се предавале само грчката и старословенската граматика. Тој се впушта во пишување на граматиката на словените на балканскиот простор под Османлиите, во која ги систематизира разликите меѓу бугарскиот и Македонскиот јазик на научна основа.

Бил полиглот, покрај Македонскиот, знаел грчки, латински, хебрејски, старохалдејски, француски, руски и бугарски јазик. Работел како учител во Богословското училиште на Зографскиот манастир, бил професор по црковнословенски јазик во Богословското училиште на островот Халки кај Цариград.

Партениј Зографски бил духовник и ефимеј на рускиот царски двор. Манастирскиот комплекс во Стар Дојран по одлука на надлежниот митрополит струмички г. Наум денес го носи името “Свети Партениј Зографски”.

Неговиот животен пат е нераскинливо поврзан со љубовта кон Бога и кон сопствениот Македонски народ. Од Цариградскиот патријарх е произведен во архимандрит, за потоа да биде хиротонисан за епископ на Полјанската епархија, како прв Македонец со такво црковно звање и чин! Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит Неофит во патријаршиската црква во Цариград. Прво за што се заложил новиот владика е воведувањето на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонските верници, со што го намалил влијанието на грчката црква во богослужбата.

Епископот Партениј Зографски ги обиколувал селата во полинската епархија за да внесе словенско духовно влијание, отворал народни училишта, а тоа не можело да не предизвика реакции на кукушките чорбаџии, кои коментирале “Каков е тој владика што не практикува чибук муабет, се мачи катаден со поповите со учењето како ќе читаат четива во црквите, го нема никогаш дома затоа што е постојано во селата во епархијата каде што отвора и гради училишта”, кои подоцна се жалеле до Цариградскиот патријарх за делвувањето на Партениј Зографски.

Солунскиот митрополит Неофит, во летото 1861 година го свикал Синодот на којшто поднел обвинение од 22 точки против епископот Партениј, сосема неосновано обвинет за антипатријаршиска дејност.

Меѓу другото, во 22-те наведени клевети против Неговото преосвештенство господин Партениј Епископ Полјански, тој бил обвинет дека: (1) Насилно го вовел црковнословенскиот јазик во богослужбата, а истовремено забранил да се употребува грчкиот јазик; (2) Го вовел мајчиниот Македонски јазик во училиштата, наместо грчкиот јазик, дури ги истерал од работа оние учители кои не го употребувале Македонскиот јазик; (3) Го поттикнал населението да потпише барање, полјанската епископија да прерасне во митрополија; (4) Не го спомнувал името на својот претпоставен митрополит Неофит, како негов началник, изјавувајќи дека и самиот е митрополит; (5) Не дозволувал во неговата епархија да се чита патријаршиското писмо; (6) Цариградската патријаршија ја нарекол “голем ан“; (7) Наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се замени со Македонски јазик…

Сeпак, плашејќи се од руската дипломатија, а со намера да угоди на барањето на рускиот амбасадор Лобанов, Цариградската Патријаршија била принудена да испрати комисија во Полјанската епархија да го испита “случајот Партениј“. По извршената истрага тричлената патријаршиска комисија констатирала дека епископот Партениј не е виновен, туку напротив совесно ја вршел својата должност! Сепак, на г. Партениј не му било допуштено веднаш да се врати во својата епархија, во која, особено во Дојран (Полин), каде што се наоѓала и неговата епископска резиденција, бил желно очекуван од своите духовни чеда.

Железната црква “Свети Стефан“ е мошне значајна за македонската историја, бидејќи во неа служеле многу македонски свештеници од Егзархијата, меѓу кои: Партениј Зографски, Методиј Кусев, Натанаил Охридски, Козма Пречистански и други. Впрочем, во нејзиниот двор се наоѓа гробот и на нашиот великан, светиот владика Партениј Зографски.

Ноќта меѓу 19 и 20 февруари 1876 година, на денот на Свети Партениј Лампсакиски, епископот полински Партениј се упокоил во Цариград, каде што и денес се наоѓа неговиот гроб во дворот на Железната црква “Свети Стефан“.

За многаја лета на Неговото Преосвештенство господин Партениј, Епископот Македонски и Полински, за многаја лета Македонската железна црква “Свети Стефан“ во Истанбул.

Секој кој ќе го посети Истанбул мора да ја види и душевно доживее Македонската железна црква “Свети Стефан“ на Фанарот, во царската престолнина на Босфорот!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This