Во близина на влезот во железничката станица Смоквица, утринава околу 5 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија- Скопје, наишол на група мигранти, при што удрил во две лица.
Според кажување на лицата, повредените се на возраст од 26 и 27 години од Алжир.
Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Општа Болница Гевгелија, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.
Извршен увид на местото на настанот.