ЖЕЛЕЗЊАК ПОВИКУВА НА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ВРСКИТЕ: Мораме да ги зацврстиме врските и да не дозволиме надворешни притисоци во братски земји!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Важно е да ја задржиме братската и духовна врска, дијалог помеѓу културите, историјата и традициите на нашите заеднички предци – изјави Сергеј Железњак, секретар на владеачката Руска партија „Единствена Русија“

zelzenjak

На денот на прославата на Словенската литература, писменост и култура се одржа и средбата помеѓу претседателите на Русија и Македонија. Коментирајќи ги разговорите помеѓу двајцата претседатели и наградата за „Обединување на Православната култура“ доделена на Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, заменик секретарот на „Единствена Русија“, и член на комитетот за надворешни односи на државната Дума Сергеј Железњак, нотира дека ова е исклучитечлно симболично за Руско-Македонските односи.

„Последните настани во Македонија, каде што има парлементарна криза, која безмалку ескалираше во граѓански судир, ја демонстрираа разурнувачката политика и блатантното мешање во внатрешните работи на земјата и целиот Балкан. Русија категорично стои против таквиот надворешен притисок од Европската Унија, НАТО и САД врз суверената држава“, вели Железњак.

Според Железњак, НАТО и Европската Унија се однесуваат неодговорно, провоцирајќи дестабилизација во Македонското општество преку назначување на нивни марионети, наметнувајќи ја таканаречената Тиранска платформа и различни дргуи проекти кои се страни за Македонскиот народ, со цел формирање на провоцирачкиот геополитички проект „Голема Албанија“. Овие лидери треба да разберат дека овие политики се неодговорни и предизвикуваат насилство, кое примарно ќе го зафати народот на Македонија, со што ќе се загрози и суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонската држава“ – вели Железњак.

Во изјава, Железњак додава и дека потезите на некои политички сили кои не заинтересирани за солидарноста на Словените, имаат намера да направат што повеќе поделби и да ги раскараат братските народи преку влошување на политичката ситуација во различни земји, преку активна употреба на алатките за информациона војна, брутално лажење, политички уцени, насилни притисоци врз суверените држави во воени блокови, преку импонирање на политика на санкции и предивикување на етничка и верска омраза.

„Мораме да бидеме посилни од овие провокации и заедно да ја задржиме нашата братска и духовна врска, преку дијалог на културите, историјата и традицијата која ни е заедничка од нашите предци“ – заклучува Железњак.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This