Жена без маж е дама, а маж без жена е изгубен случај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учете ги своите ќерки да бидат жени кои кога одат по улица земјата ќе се тресе од нив. Не им купувајте играчки розеви шпорети и тавчиња, купувајте им книги. Терајте ги да читаат, да учат, да бидат информирани за многу работи, за кога ќе седнат на маса со мажи освен со убавина да ги освојат и со интелект, со знаење. Почитувајте ги нивните ставови, желби, соништа.

Не ги запирајте, бидете испружената дланка која ќе им помогне да се исправат ако случајно по патот до целта паднат или се предомислуваат. Да знаат дека имањето на свој став и искажувањето на истиот не значи дрскост туку храброст. Да бидат доволно храбри да го зграбат од животот она што го сакаат и фактот што се жени да им биде предност и гордост, а не хендикеп.

Научете ги сами да молерисуваат, да паркираат, да научат да ракуваат со оружје.

Терајте ги да шетаат, да патуваат, да се научат да се снаоѓаат и сами кога нема никој до нив за да им помогне. Запишувајте ги на курсеви за странски јазици, а не да ги учите дома да везат, плетат и готват оти треба да се омажат еден ден.

Научете ги да се радуваат на поклоните без повод, на вниманието и убавите зборови кои ги заслужуваат, да знаат дека може нема да бидат сакани од секого но мораат да бидат почитувани, секако треба да дадат и причина за почит, но исто така научете ги и да заминат кога сето она што треба да го имаат не го добиваат.

Да бидат храбри и независни животот да го поминат сами, а имањето на партнер покрај нив да им биде само едно убаво надополнување на нивната совршеност, другар, љубовник, сопатник, поддршка, а не извор на егзистенција

Да бидат жени кои кога наутро ќе се погледнат во огледало да се задоволни и горди на тоа што го гледаат.
И секогаш да имаат на ум дека жена без маж е дама, а маж без жена е изгубен случај.

Автор: Кербер

Lady.mk Превземено

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This