ЖЕНА НА ПРВ ДРУГАР НА ЗАЕВ ЌЕ ИМЕНУВА И РАЗРЕШУВА СУДИИ: Сопругата на првиот човек на Заев во Струмица ќе казнува и разрешува судии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијката Лорета Георгиева од Струмица, сопруга на директорот на комуналното претпријатие во градот и десна рака на Зоран Заев како што и најави ВМРО-ДПМНЕ пред само неколку дена, влезе во судскиот совет, пишува „Сведок“.

Од штипското подрачје, каде што имаше 5 кандидати, очекувано победи судијката од Струмица Лорета Георгиева, сопруга на Зоран Георгиев, советник на градоначалникот на Струмица, и двајцата пријатели со премиерот Зоран Заев.

На гласините за поставувањето на Георгиева пред некој ден алармираше и ВМРО- ДПМНЕ.

За жал гледаме дека последните две години судството е многу далеку од европските стандарди, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во изборот на Судскиот совет, но сепак потребно е да се дојде до одговор дали нечиј фаворит е избран и дали изборот е завршен, и отворено ќе прашаме дали судијата Лорета Георгиева од Струмица е главниот фаворит за судскиот совет, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека со оглед на сите претходни оценки за клиентелистичкото Кацарска судство и нарачаното Рускоска обвинителство мора да се каже дека нема партијата да биде слепа во тоа што се случува и затоа прашува дали изборот кој што ќе се случи во понеделник не е завршен предвреме.

Ова е само надоврзување на скандалот во врска со Судскиот совет од Гостивар, каде од изборот на Зоран Теофиловски, судија од Гостивар и зет на сестра на екс претседателка и 12 години член на Судскиот совет, Александра Зафировска, за нов член на Судски, на местото на негова роднина, односно неговата балдза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This