ЖЕНИТЕ НЕ МОЖАТ ДА МУ ОДОЛЕАТ: Пластичниот хирург Василије Вујовиќ „Дејли мејл“ го прогласи за најпривлечен на светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пластичниот хирург Василије Вујовиќ (28) од Белград најпрво ја воодушеви својата домашна јавност, а набрзо потоа и британскиот Daily Mail, којшто го прогласи за најпривлечен доктор на светот.

Оваа ласкава, неофицијална титула дошла откако Василије го добил епитетот “најубав доктор во Србија”. А кога ќе ги погледнете неговите фотографии, за секунда ќе ви стане сосема јасно зошто се случило сето ова.

За “несреќа” на жените ширум светот, овој убав доктор е веќе зафатен и со својата сопруга има два сина. Но дека неспорно предизвикува огромно внимание дури и кај своите пациентки, Вујовиќ не крие, но на таквите реакции тој тврди дека никогаш не реагира.

Новинарите на Daily Mail ги интересирало колку за еден млад и згоден естетски хирург како него е важен физичкиот изглед кај една жена. Василије пак порачал дека за припадничките на понежниот пол е најважно да не бидат агресивни, туку љубезни, интересни и духовити. Тој и истакнал нешто по што жените како таков веројатно уште повеќе ќе го обожуваат, а тоа е дека всушност убавината е во окото на надгледувачот.

“Хирургот со атлетска градба”, како што го нарекуваат во Daily Mail, а којшто судот за неговата атрактивност го донесе пред четири месеци, е прв доктор во своето семејство, а љубовта кон медицината ја негува уште од најмали нозе.

И иако пластичната хирургија најчесто се врзува за корекции на изгледот поради естетски причини, за Вујовиќ се важни и другите полиња на нејзиното делување.

Пластичната хирургија е широка област. Најважна е реконструктивната хирургија со којашто се отстрануваат одредени аномалии на телото, на пример последици од изгореници на кожата, потенцира тој.

Вујовиќ успешно продолжува да се занимава со она што најмногу го сака, а интересот којшто го предизвикува поради својата убавина воопшто не стивнува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This