ЖЕНИТЕ СЕ СТОЛБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски оствари средба со извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ остварил средба со Извршниот комитет на Унијата на Жени на партијата, кој согласно статуот на партијата, по оставката на претседателката е во оставка

Мицкоски на својот ФБ профил ги препозна жените како носечки темел на организацијата, поради нивната непокорност, цврстина и решителност.

„Жените се еден од цврстите и носечки темели на нашата организација. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е симболот на непокорот, цврстината и решителноста. Македонската жена е и мајка, сопруга, одличен работник и професионалец, но и борец за подобра иднина, предвесник на промените во државата кои се нужни и повеќе од потребни. Ми беше чест што имав состанок со Извршниот Комитет на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Секој ден се посилни, секој ден се порешителни, низ сите падови, и подеми, за кој друг ако не за Македонија и секој еден човек на нашата земја.
#МакедонијоНапред“ – напиша Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This