ЖЕНИ ГО ПРЕКИНАА ГОВОРОТ НА ОБАМА: Викаа дека Бил Клинтон бил силувач

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помала група на луѓе се појави на митингот во Северна Каролина со маички на кои што пишуваше „Бил Клинтон е силувач“.
Демонстрантите открија дека сакале да го искажат своето противење на поранешниот претседател Клинтон додека вниманието на американската јавност е насочено кон контроверзните изјави за жените на републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп кои што се појавија во медиумите.

0800a25477d8c27f513e45ca61be80df_L

„Обидете се да направите сопствен митинг“, им порача американскиот претседател Барак Обама на жените кои што го прекинаа неговиот говор во градот Гринсбороу.

„Ако не можете да направите сопствен митинг, тогаш не го прекинувајте туѓиот. Имаме уште многу работа“, порача американскиот претседател.

Инаку, неколку жени во последните 30 години јавно го обвинуваа поранешниот американски претседател за сексуални напади, истовремено обвинувајќи ја неговата сопруга за активна улога во нивното замолчување, додека истовремено зборувала дека активно се бори за правата на жените во Соединетите Американски Држави.

Видеото од 2005-та година на кое што Доналд Трамп може да се слушне како дава „сурови“ коментари за жените за време на возењето во автобус со ТВ водителот Били Буш, протече во јавноста минатиот петок.

Претседателот на САД, Барак Обама истакна дека луѓето требало да го искажат своето мислење на денот на изборите, наместо да обрнуваат внимание на демонстрантите: „Слушнав некакво исвиркување. Не свиркајте, гласајте. Важно е кој гласа“, порача Обама.

За време на претседателската дебата во неделата, Доналд Трамп во повеќе наврати ги споменуваше сексуалните скандали на Бил Клинтон, повикувајќи се на изјавите на четири жени кои што тврдат дека поранешниот претседател на САД ги силувал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This