ЖЕНИ ЧИТАЈТЕ! Жените кои се помалку сексуално активи, побрзо влегуваат во менопауза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жените кои имаат сексуални односи бар еднаш во неделата покасно влегуваат во менопауза од жените кои имаат односи еднаш месечно.

 

 

 

 

Научниците од универзитетот во Лондон ги анализирале податоците од една студија која се занимава со здравјето на жената ширум САД. Станува збор за најразновидно и нарепрезентативно истражување кое опфатило заеднички искуства на иста целна груша во подолг период. Предметот на истражување била менопауза.
„Наодите покажале дека телото не стимулира овулација доколку нема редовен сексуален контакт. Организмот природно бира дали сака енергетскиот потенцијал да го користи за продолжување на видот или енергијата да се насочи кон нешто друго, како чување внуци“, објаснува авторката на студиите Меган Арнот.

Контроверзната идеја за намалување на плодноста поради грижа за семејството е врзана за еден предходен период и се нарекува „хипотеза на баба“. Се развила само за да го намали репродуктивниот расчекот меѓу жените од различни генерации. Хипотезата се обидува да ја објасни потребата на дамите во доцните години повеќе да се вклучат во чувањето на внуците и куќните работи, пишува Sky News.

Научниците тврдат дека е бесмислено да се троши енергијата на овулација, доколку се знае дека поради недостаток на сексуална активност нема да дојде до забременување.

„Менопаузата е неизбежна и не постојат медицински методи за да се одложи или спречи. Сепак, резултатите од студијата покажале дека времето може да се предвиди, благодарение на следењето на репродуктивното здравје на жената“ објаснува професорката Рут Мејс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This