ЖЕНСКА ГОРДОСТ ЈА ЗАТРЕСЕ СЦЕНАТА:Над 200.000 прегледи за помалку од 24 часа за евровизиската песна на Тамара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моќната балада ,,Proud” со која Тамара ќе ја претставува нашата земја на Евровизија 2019 во Тел Авив, за помалку од 24 часа, откако беше промовирана во главните вести на МРТ1 синоќа, предизвика огромен интерес кај јавноста и е преслушана повеќе од 200.000 пати на музичкиот канал Јутјуб.
Позитивни впечатоци, воодушевување од моќната порака која со едноставен видео запис ја пренесе Тодевска, но и високи очекувања од годинашното учество на музичката манифестација се првичните реакции од јавноста.

Песната звучи моќно, и е чекор напред во рушењето на стереотипите кои општеството им ги наметнува на жените. Да се биде различна, своја, и најважно од се – горда, е пораката која Тамара одлично и ја пренесе на публиката, пренесе Фокус.

Во видео записот покрај нејзината ќерка Хана, на која и ја посвети песната, се појавуваат писателката и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, Винка Саздова, моделот Катарина Ивановска ракометарката Андријана Будимир, актерките и сестри Ана и Јана Стојановски, харфистката Мерсиха Шукри и други жени, секоја посебна на свој начин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This