April 19, 2024, 11:30 am

ЖЕНСКИОТ МОЗОК РАЗЛИЧНО РЕАГИРА НА НИКOTИНОТ ВО ОДНОС НА МАШКИОТ: На жените им е потешко да се откажат од цигapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резултатите од ново истражување покажуваат дека на жените им е потешко да престанат со пушење цигари отколку на мажите. Истражувачите укажуваат на поголема распространетост на анксиозност и депресија кај жените, што би можело да ги попречи дури и најдобрите намери за напуштање на оваа лоша навика.

 

 

Претходните истражувања покажаа дека женскиот мозок различно реагира на никотинот во однос на машкиот, пренесува Health 24.

 

Во најновото истражување, во кое учествувале повеќе од 200 пациенти во болницата Свети Мајкл во Торонто, кај 41 проценти од жените преовладува анkcиозност или депресиja, за разлика од 21 проценти кај мажите.

 

Депресијата и другите нарушувања на расположение се потребни да се решат кај жените кои пушат, особено кај оние кои доживеале cpцеви и мoзочни удари, смета Бет Абрамсон, авторка на студијата.

 

„Престанувањето со пушење е еден од најважните фактори за намалување на ризикот од создавање cpцеви болecти кај жените“, смета Абрамсон.

 

 

Во истражувањето просечната возраст на учесниците била 56 години, а третина биле жени. Пациентите пријавиле дека во просек пушат по 18 цигари дневно и тоа континуирано во текот на 37 години. Скоро две третини од нив имаат висок крвен притисок, а скоро половина имаат срцеви заболувања. Повеќе од четвртина имаат депресија или анксиозност.

По 6 месеци, 58 учесници престанале со пушење, додека 68 го намалиле бројот на испушени цигари. Крајниот резултат покажува дека жените имале отприлика 50 проценти помала веројатност дека ќе престанат со пушење, за разлика до мажи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This