April 26, 2024, 11:54 am

ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ: Трамп не е идиот, за разлика од Буш!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Депардје рече дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не е „идиот“ во споредба со поранешниот претседател на САД од редовите на републиканците, Џорџ Буш Помладиот.

depardje

„За разлика од Џорџ Буш Помладиот, тој (Трамп) не е идиот, тој кажува работи што се поголеми од него. Никој не знае за што сè е способен“, рече Депардје во интервју за францускиот неделник Журнал ди диманш, пренесе Франс прес.

Но Депардје додаде дека за Трамповиот подем до власта е криво сè поизразеното оддалечување на политичарите од чувствата и желбите на обичните гласачи.

„Ова е добра лекција за политичарите што долго време не правеа ништо. Довербата е раскината, народот сака повторно да ја преземе контролата“, рече Депардје.

И покрај подемот на популистичките и патриотски политичари и партии во неколку западни земји, Депардје ја отфрли идејата дека кандидатката на екстремната десница Марин ле Пен може да победи на француските претседателски избори следната година.

„Марин ле Пен не е закана, тоа се глупости“, изјави тој. „Таа е дел од колатералната штета на едно општество што не ги контролира своите нови средства за комуникација и времето го поминува градејќи замоци на небото.“

Франс прес наведува и дека францускиот актер, како и Трамп, е во пријателски односи со рускиот претседател Владимир Путин и дека во 2013 година зеде руско државјанство во знак на протест против предложеното зголемување на даноците за богатите во Франција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This