April 26, 2024, 12:46 pm

ЖЕРНОВСКИ ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА ГИ ПРЕДАДЕ ПОТПИСИТЕ:Без поддршка од СДСМ со независна кандидатура за градоначалник на Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку минути пред полноќ, пред истекот на рокот за предавање на потписите за независни кандидатури за градоначалници и советници,  Андреј Жерновски во Државната изборна комисија ја предал кандидатурата за градоначалник за општина Центар.

Во ДИК со потребниот број потписи вчера биле примени 27 кандидатури за градоначалници и 47 кандидати за носители на советнички листи низ Македонија.

Жерновски на претходните локални избори во 2013 година победи како кандидат на коалицијата на чело со СДСМ. Овојпат, поддршката од СДСМ изостана, па вчера до последен момент се чекаше дали социјалдемократите ќе одлучат да не дадат кандидат, туку само да ја поддржат независната кандидатура на актуелниот градоначалник. Жерновски пред два дена одлучи да собира потписи за независна градоначалничка кандидатура во Центар.

Сега се чека на кандидатурата на СДСМ, што би значело поделба на гласачкото тело во Центар и шанса за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Има и друга варијанта, а тоа е повлекување на кандидатурата на Жерновски.

„Имаме заеднички политички противник, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека само со заеднички сили можеме силно да го поразиме.Тоа е поважно од сѐ останато“, напиша Жерновски пред два дена на Фејсбук.

Потписи за независна кандидатура собрале и актуелниот градоначалник на Могила Стево Пивковски, Кирчо Ташков и Јорго Огненовски за Битола, Горан Китевски и Стевче Стевовски за Охрид, Тони Ѓуровски за Гази Баба, Борис Давидов за Кавадарци, Маријанчо Анделовки за Куманово, Насто Палиоски за Струга…

Рокот за поднесување на кандидатурите за политичките партии и коалициите е 14 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This