ЖЕРНОВСКИ ГО НАПРАВИ ДЕБАР МААЛО ОПАСНО ЗА ЖИВОТ: Стотици писма, апели и барања од граѓаните не го освестија Жерновски кој тера евтина политика!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Андреј Жерновски наместо грижа за општина Центар, тера евтина политика, заканувајќи и силејќи се дека на 15-ти октомври ќе победел, луѓето во неговата општина почнаа да ги губат нивните животи, и тоа поради банална причина за која веќе со години Дебармаалци испраќале апели и барања до општината која никогаш не им одговорила ниту пак им излегла во пресрет

 

Утринава, загина постара жена во скопската населба Дебар Маало откако со комби беше прегазена на улицата „Антоние Грубишиќ“, пред училиштето „Коле Неделковски”. Комбито, кое најверојатно доставувало пијалаци во кафулињата на улицата, возело во рикверц.

Од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ одамна бараат од општина Центар временски да се ограничи дотурот на пијалаци и друга стока и да се забрани тоа да се одвива во текот на целиот ден, заради безбедност на сите, а особено на учениците во училиштето.
Сепак, Жерновски никогаш не им одговорил на барањата и апелите, што на крајот резултираше со трагедија. Дебармаалци пак коментираат дека, во целата несреќа, единствено утеха бараат во тоа што не се работи за некое детенце од училиштето кое се наоѓа во непосредна близина на местото каде што беше прегазена жената.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This