ЖЕРНОВСКИ И ДРУГАРИТЕ ГИ ОДРАЛЕ ЦЕНТАРЦИ: Луксузни станови, куќи на Водно со базени, скапи џипови – Жерновски и другарите ги соголеле центарци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По скандалите и обвинувањата за криминалното работење на Андреј Жерновски кои ги објави претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, новинарката и една од најжестоките активисти на „шарената револуција“ продлжи со објавувањето на вистината за работата на Жерновски

 

Луксузни, импресивни и скаи возила на паркингот на општина Центар во работно време. Безобразно скап. Купени од плата на државни службеници во мандатот на Андреј Жерновски?! А, зошто не претходно!? – напиша Ивановска на својот ФБ профил, објавувајќи фотографии од скапите автомобили во сопственост на шоферите на Андреј Жерновски, но и на раководителот на секоторт за јавни набавки, како и на вработен во кабинетот на градоначалникот.

На фотографиите може да се забележат автомобили во вредност од над 40.000 евра, луксузни џипови кои според Ивановска, не се стекнуваат со една плата на административец вработен во општинската администрација.

Но за скандалот да биде уште поголем, Ивановска денес објави и уште еден скандал.

Имено, раководителот на секторот за јавни набавки во општина Центар, Горан Ефремовски, во само еден мандат на Жерновски успеал да се стекне со луксузен имот во Горно Соње. Ефремовски бил вработен преку Агенцијата за вработување, поточно ангажиран во Центар од 2013 година, во мандатот на Жерновски. За само четири години, Ефремовски изградил лускузна куќа на падините на Водно, опремена со базени и најнови градежни материјали.

Ивановска објави и имотни листови со кои се докажува и точноста на нејзиното тврдење, на кои се гледа дека на парцелата на која е изградена луксузната куќа сопственик е токму раководителот на секторот за Јавни набавки на општина Центар Горан Ефремов.

За криминалот кој се случува во општина Центар зборуваше и Мирослав Шиповиќ, инаку некогашен соборец на Жерновски и претседател на Советот на општина Центар, кој го обвини градоначалникот дека направил криминал тежок 1.5 милиони евра, а заедно со Ристо Пенов дополнително направиле рекет на градежна фирма во висина од 200.000 евра за финансирање на независна кампања на Жерновски за претстојните локални избори.

-Се зборува низ градов дека Ристо Пенов и Андреј Жерновски добиле од газда на градежна фирма 200.000 евра за самостоен настап на локалните избори, је*емга дали е вистина? Кој би знаел? Можеби ќе ни помогне фатот дека пред скоро време Општина Центар платила на градежната фирма 2.000.000 евра и тоа не можам да проверам, може да, може не, напиша Шиповиќ на Фејсбук.

Ивановска само ги потврди обвинувањата на Шиповиќ дека во општина Центар се правел сериозен криминал од кој корист имале Жерновски и неговите најблиски соработници, меѓу кои и неговиот шофер.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This