Жерновски си го оддржа зборот: Полицијата го уапси светиниколчанецот што уб иваше животни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од с.Ерџелија, Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, казниво по член 233 од Кривичниот законик, во врска со што се појави и видео на социјалните мрежи.

За настанот веднаш е известен надлежен Јавен обвинител, согласно член 280 и член 282 од Закон за кривична постапка, по чија наредба е извршен увид, а М.Е. е приведен и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство, информираат од МВР.

Предходно Андреј Жерновски, се уште актуелниот заменик-министер за надворешни работи, објави дека ќе стори се што е во негова моќ да се уапси Младен Ефремов, кој ја згрози јавноста откако објави видео од тоа како неговото куче дави и убива друго.

На социјалните мрежи од пред три дена е објавено видео од агресивно куче како убива друго куче и потоа се обидува да го распарчи. Според описот на објавата, сопственикот кучето е извесен Младен Ефремов од Св. Николе и ова видео е извадено од неговата лична збирка видеа на Фејсбук.

„Ќе сторам се’ што е во моја моќ ова …. лице…. да одговара за ваквото злодело !!!
Имаме име и презиме, што значи дека немаме изговор“, објави Жерновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This