ЖЕСТОКА КАВГА ВО „ЅВЕЗДИТА НА ГРАНД“ПОРАДИ ЕЛЕНА МИЛЕНКОВСКА: Карлеуша ја нападна, Поповиќ застана во одбрана на Македонката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последната емисија од првиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше 25 годишната Елена Миленковска од Скопје.

Таа се претстави со песните „Не спомињи љубав“ и „Кошта ме“, а по нејзините изведби освои два гласа и тоа од Вики Миљковиќ и Ана Бекута.

„Има нешто што кај тебе на чуден начин ми се допаѓа. На моменти звучиш очајно. Немаш најдобра контрола на гласот. Првата песна ја отпеа многу убаво, мене ми се допадна. Имаш пејачки вештини“ изјави Бекута.

Марија истакна дека Елена знае да пее, но дека направила многу грешки.

Јелена иако не го даде својот глас истакна што мисли за македонската кандидатка.

„Јас мислам дека ти не си за оваа работа“ истакна Јелена, а веднаш ја прекина Саша Поповиќ.

„Значи тука го имаме следниот случај – Ана сака да ја земе оваа кандидатка, Јелена вели дека не е за оваа работа. Имаме многу интересна ситуација, ќе видиме во следниот круг“ истакан Поповиќ, а Карлеуша додаде:

„Мисалм дека влегуваме во една фаза каде што можеме без маски и ракавици да зборуваме со сите вас, со години сме остри, а публиката е навикната да бидеме сурово реални. Публиката знае дали некој нешто ќе направи. Кога ги гледаш овие луѓе кои седат во студиото и немаат никаква реакција…“ вели Карлеуша, а Поповиќ застана во одбрана на нашата кандидатка истакнувајќи дека на првата песна добила апллауз.
„Па, добро доби аплауз затоа што тие се платени“ вели Карлеуша, а Снежана и порача да не биде безобразна.

„Според нас таа отпеја многу убаво. И никој од жирито да не те земеше, ќе те земевме ние“ изјави Поповиќ.

Карлеуша повторно удри по Миленковска истакнвајќи дека нема харизма, нема енергија и дека е – 0.

Од друга страна и Вики Миљковиќ имаше позитивен комантер за Елена, а Карлеуша иако мисли дека оваа кандидатка не е за пеење, единствено може да напраив кариера доколку таа и биде ментор.

Ана ќе ја учи и подготвува Миленковска за следниот круг, а како ќе се подготви останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This