April 19, 2024, 11:46 pm

ЖЕСТОКА ОФАНЗИВА НА ТАЛИБАНЦИТЕ: Повеќе стотина загинати и повредени во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 103 луѓе загинаа, а 133 се повредени во борбите помеѓу радикалното движење „Талибан“ и владините сили во градот Газни во Авганистан, јавува Авганистанската телевизија 1ТВ, повикувајки се на медицинските служби.

 


Според податоците на телевизијата, меѓу загинатите се 90 полицајци и 13 цивили. Во престрелките и Талибанците имале загуби.

Во петокот, телевизијата „ТОЛО ЊУЗ“, повикувајки се на регионални извори, соопшти дека Талибанците почнале напад на градот Газни во централниот дел на Авганистан. Во соопштението на Талибанците се вели дека нивните одреди се обидуваат од повеќе правци да влезат во градот кој е административен центар на истоимената провинција. Сообраќајот на абтопаот Кабул-Газни беше прекинат заради жестоките борби помеѓу владините сили и милитантите.

Според податоците на агенцијата „Пажвак“, во борбите се ранети најмалку 25 полицајци и 15 цивили.

Шефот на градската полиција Фарид Ахмад Машал порано соопшти дека Газин се наоѓа под контрола на владините сили на Авганистан. Според неговите зборови, Талибанците неуспеале да влезат во градот, а борбите продолжуваат во повече предградија на Газин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This