April 23, 2024, 12:09 pm

ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА РУСКОТО МНР: Апсолутно е неприфатливо да се загрозува животот и безбедноста на руските војници во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва смета дека е неприфатлива заканата по животот и безбедноста на руските војници во Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, коментирајќи го нападот на израелската војска во Сирија

„Апсолутно е неприфатлва заканата по животот и безбедноста на руските војници кои во Сирија се наоѓаат на повик на легитимната влада за да помогнат во борбата против терористите“, се истакнува во соопштението на Министерството.

„Посебна загриженост предизвикува опасноста од ескалација на напнатоста внатре и околу зоната на деескалација во Сирија, чие формирање стана важен фактор во намалувањето на насилтвото на сириско тло. Потсетува дека сириските владини сили ги почитуваат постоечките договори за обезбедување на одржливо функционирање на зоната за деескалација на југозападот од земјата“, додава Министерството.

Министерството за надворешни работи на Русија ги повика сите страни на воздржаност и избегнување на сите акции кои би може да доведат до уште поголеми компликации на ситуацијата.

„Сметаме дека е неопходно безусловно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и другите земји од регионот“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Израелската војска призна дека ловец Ф-16, кој учествувал во нападот се нашол под противавионски напад на противвоздушната одбрана и дека се срушил. Екипажот од два пилоти преживеал, но еден пилот претрпел сериозни повреди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This