March 29, 2024, 10:35 am

Жестоки реакции за апсењето на Навални – Руското МНР: Во Русија за тоа одлучува судот, не политиката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По пристигнувањето на аеродромот Шереметјево, Алексеј Навални беше уапсен и упатен во затвор поради непочитување на одлуките на судот за домашен притвор.

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден преку својот иден советник порача дека Русија би требало веднаш да го ослободи опозицискиот лидер, Алексеј Навални којшто е приведен по враќањето од Берлин во Москва.

-Навални би требало веднаш да биде ослободен, а извршителите на нападот врз него би морале да бидат изведени пред лицето на правдата. Нападот на Кремљ врз животот на Навални не е само кршење на човековите права туку и навреда на сите Руси кои би сакале да се слушне нивниот глас, напиша Џејк Саливен, идниот советник за национална безбедност на Бајден.

Шефот на европската дипломатија Joсeп Борел ги повика руските власти да ги почитуваат правата на Навални и побара негово ослободување.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по враќањето во Русија.

Апсењето на Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо, рече Мишел. Тој ги повика руските власти веднаш да го ослободат Навални.

Министерството за надворешни работи на Литванија побара од ЕУ да разгледа нови санкции против Русија поради апсењето на Навални.

Руската полиција го уапси Навални на аеродромот Шереметјево вечерва, додека тој се подготвуваше да ја помине пасошката контрола.

Претходно, авионот со кој тој пристигна од Берлин беше пренасочен и слета на Шереметјево, наместо на Внуково, кој беше затворен непосредно пред тој да слета, бидејќи таму го чекаа илјадници негови приврзаници. Шестмина од нив попладнето беа уапсени.

Рускиот опозициски лидер беше приведен вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошка контрола по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше за наводното труење.

На неговата сопруга Јулија, како и неговиот портпарол и адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This