March 29, 2024, 12:39 am

ЖЕСТОК ДУЕЛ ПОМЕЃУ ТОНИ МИХАЈОЛВСКИ И ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: Може да се појави бунт и повеќето од граѓаните да не се согласуваат со мнозинството, ќе те прогласат за предавник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот за договорот со Грција. Поради цврстиот став дека договорот е штетен, јавноста очекуваше бојкот и повик од најголемата опозициска партија да не излезе на гласање, Тони Михајловски како дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие засега остануваат со овој став, но не ја исклучува можноста да го сменат. Јавноста коментира дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ ќе помогне на владејачкиот СДСМ да го изгласа договорот со Грција, односно да го промени Уставот и да ја преименува државата.

Но, двете политички партии сè уште тактизираат за прашањето што ќе се случува по референдумот. Михајловски вели дека во случај ако граѓаните се изјаснат позитивно на референдумот, не се исклучува можноста пратениците да гласаат против договорот со Грција или евентуално тие да поднесат оставка од морални причини. Тој тврди дека сите карти се отворени.

„Верувам дека повеќето пратеници ќе ја почитуваат волјата на граѓаните. Може да се појави бунт и повеќето од граѓаните да не се согласуваат со мнозинството. Не е исклучено некои пратеници да се повлечат, па да дојдат други луѓе, да има нови избори, нови пратеници. Можно е и да се приклонат и кон волјата на граѓаните бидејќи, едноставно, народот е во право и кога греши“, вели Михајловски според кого за ова прашање ќе се одлучи на следниот состанок во партијата.

Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во конкретниот случај на позитивно референдумско изјаснување не го поддржат договорот со Грција, пратеникот Павле Богоевски вели дека мнозинството и Владата имаат други планови, кои нему не се познати.

„Ова е решение на проблемот што вие 12 години избегнувавте да го решите поради дневнополитички поени бидејќи анкетите ви велеа така. Овој договор е чекор на решителни и храбри политичари што не се плашат да ги ризикуваат и сопствената политичка кариера и иднината обидувајќи се да понудат подобро утре за граѓаните на оваа држава. Не се губи историјата, ниту идентитетот ниту името на нашата нација, сѐ си останува и сѐ е дефинирано“, вели Богоевски на што Михајловски негодуваше.

„Лажеш, покриваш, филуваш нешто што навистина смрди од долу, и тоа толку многу што просто може да се препознае што е јадено“, рече Михајловски.

Богоевски како пратеник вели дека ќе ја понесе целата одговорност бидејќи цврсто стои зад своите ставови и со тоа е спремен да ја жртвува својата политичка кариера. Михајловски како член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека пратениците од оваа партија се категорични и нема да дадат поддршка за договорот со Грција.

„Не се сака Македонија со тоа што ќе поништите сѐ, ќе почнете од нула, ќе почнете со нова нација, нова вера, нова Библија и црква, сѐ ќе почне од вас. Ти и Љуми, веројатно, ќе бидете првите Боро и Рамиз. Овој Лешковски ќе биде Цепенков. Убаво ви е да станете. Заев ќе биде првиот премиер на Северна Македонија, колку тоа убаво звучи. Павле, Македонија се сака кога го слушаш народот во моментот. Вие го будите гневот на народот. Многу бргу, драг Павле, ќе се соочите со начинот како се сака Македонија. Со народот ќе се соочите. Тогаш ќе кажеш – е вака се сака Македонија“, му порача Михајловски на Богоевски, на што пратеникот рече дека овој став само покажува каква политика води ВМРО-ДПМНЕ.

„Такво простачко ниво, таква некултурна аргументација“, коментира Богоевски.

Михајловски договорот го смета за капитулација, за продажба на сите интереси за кои се бореле предците, а со тоа и уништување на АСНОМ. Богоевски тврди дека криминалите што ВМРО-ДПМНЕ ги правела како партија ќе се исчистат, а ова е ново поглавје, решение што ќе донесе иднина за сите.

 

https://www.youtube.com/watch?v=BLtG_l6YMu8

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This