March 28, 2024, 10:16 am

Жесток одговор од Груевски – доаѓа ден кога за сето ова беснеење на власта ќе има одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-премиерот Никола Груевски попладнево со Фејсбук статус одговори на информацијата пласирана во дел од меидумите, за наводно замрзнување на негов имот во рамки на предметот „Плацеви на Водно“ во кој тој осомничен заедно со Сашо Мијалков, Ристе Новачевски, Орце Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според текстот објавен на „Фокус“, обвинителството наводно пронашло 3.000 квадрати плацови на Водно, но и два стана кои наводно биле сопственост на Никола Груевски. Од „Фокус“ го цитираат и државниот обвинител Љубомир Јовевски кој тврди дека овој имот е замрзнат и ставена е забрана за оттуѓување.

-Врз основа на опсежна истрага, дојдено е до откривање на два нови стана и плац од 3. 000 квадратни метри на Водно. За овие е издадена мерка забрана за нивно отуѓување додека трае оваа постапка – рече неодамна обвинителот Љубомир Јовески.

Ваквите наводи ги негира Никола Груевски како дел од „монтираните“ и „ступидни“ обвиненија по диктат на власта која се уште силно ја држи контролата врз обвинителството и судството.

– Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично. Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”, пишува Груевски во својот ФБ статус.

Екс-премиерот дополнително ја реафирмира реалната состојба, наспроти тврдењето на Јовевски и Обвинителството велејќи дека тој нема ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту пак купувал станови како што се наведува во соопштението на ОЈО.

Груевски објаснува и дека врз наводните сведоци се врши и невидена тортура.

– Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот. Списокот на лица на кои се вршеле и понатаму се вршат тортури во овој правец е долг, објаснува тој на ФБ.

Груевски пишува и за тортура врз луѓе кои тој воопшто не ги познавал, ниту пак сега ги познава. Според него се работи за класично монтирање на случај поради политички причини.

Освен ова, додава екс-премиерот, обвинение во ова дело би било противзаконски да се покрене бидејќи до овој момент Обвинителството нема земено искази од осомничените, па ни од него.

– Немајќи друг избор подготвени се дури и да водат незаконска постапка за обвинение иако не сум дал исказ во обвинителството што е обврска согласно Законот и без што неможе да започне судска постапка а истото планираат или незаконски ќе се обидат да го покријат со дадени мои изјави за други предмети каде ми земале изјава под иста квалификација но за сосема друг случај што и јавно го посочија во изјава и што не кореспондира ниту со закон ниту со логика или што сум дал изјава за само еден случај во фаза на прибирање информации а не во фаза пред обвинение, што исто така е спротивно на Законот. Значи, прогон по секоја цена, макар и незаконски. Во време на пандемија со која власта е пример за неспособност за справување во светски рамки, во време на тешки криминални афери каде тие се клучните актери, власта се занимава со мене со надеж дека народот нема да се занимава со нив, анализира Груевски.

Според екс-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер, се работи за страв кај владејачката каста која поради неспособност се обидува по секоја цена да го дискредитира, макар и со измислени обвиниенија.

- Имајќи во обзир дека сеуште имаат доволна контрола на судско-обвинителскиот систем, свесен сум дека може секоја нивна “болна” идеја која ја наумиле, да ја реалзиираат. Ќе дојде време кога на сето ова беснеење ќе има ревизија, но и ревизија на нивното работење и криминал. Власта е влезена во тежок криминал и имаат со криминални методи заработени огромни суми пари. Тие неделно на нелегален начин и со криминал заработуваат повеќе од земјиштата и становите кои ми ги монтираат. Опкружени и здружени со тешки криминалци околу себе од земјата и од странство, на чија услуга се ставени и со кои секојдневно ги гледаме на фотографии со нив, неможат да се помират со фактот дека ветувањето “живот” од нивна страна се покажа како едно тешко фијаско и големо разочарување а неспособноста и криминогениот стил на работење се гледаат секој ден. Од ден на ден нивниот страв расте. И ќе расте. Има причина за тоа. Доаѓа време кога сведоците, ама не лажни или уценети, туку реални и без страв, поткрепени со матерјални докази, ќе застанат наспроти нив, заклучува Груевски.

 

Статусот можете да го погледнете на овој линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This