ЖЕЉКО РАЖНАТОВИЌ-АРКАН НЕ ДЕЈСТВУВАЛ ПОД КОМАНДА НА ЈНА: Тој не беше припадник на ЈНА ниту пак беше под нејзина команда!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот безбедносен офицер на ЈНА Александар Василевиќ денес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг потврди дека некои офицери на ЈНА и функционери во Министерството за внатрешни работи на Србија, биле во контакт со Жељко Ражнатвич Аркан есента 1991 година.

На повторното судење на поранешните водачи на Служба за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатович, Генерал Василевич потенцираше дека тоа не значи дека тие соработувале со Ражнатовиќ.

„За Аркан не беше надлежна ЈНА, тој не беше припадник на на ЈНА, ниту пак беше под нејзина команда“, нагласи генерал Василевиќ, кој во тој период беше началник на Управата за безбедност на ЈНА.

Според обвинетите Станишиќ и Симатовиќ, формацијата на Ражнатовиќ била единица на СДБ на Србија во времето кога ги извршила злосторствата над несрпските цивили во Хрватска и БиХ.

Поранешниот началник на Службата за државна безбедност на Србија (68) е обвинет за прогон, убиство, депортација и присилно раселување на Хрватите и Муслиманите во Хрватска и БиХ, во периодот помеѓу 1991 и 1995година.

Според зборовите на Василевиќ, Ражнатовиќ во септември 1991 година бил во контакт и во добри односи само со тројца офицери на ЈНА, тогашниот командант на Новосадскиот корпус на ЈНА Генерал Андријо Биорчевиќ, старешината Боро Ивановиќ и Енес Тасо, меѓутоа не соработувал со нив.

„Аркан со нив имал професионален однос“, потенцираше сведокот на вкрстеното испрашување од страна на адвокатот на првообвинетиот Станишиќ, Вејд Џордаш.

За врските на Аркан со припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија адвокатот Џордаш денес не поставувал прашања.

Претходно во текот на судењето обвинителите неколку пати пуштаа видео снимка на која  Генерал Биорчевиќ зборува со пофални зборови за Ражнатовиќ, како тој во Источна Славонија влегувал во села и ги убивaл сите што ќе одбијат да се предадат, после aртилеpcката подготовка на ЈНА.

Зборувајки за избувнувањето на конфликтот во Хрватска, Генерал Василевиќ изјави дека во периодот помеѓу 1990-91 година „хрватските служби за безбедност биле вклучени во увоз на opужје, наместо истиот да го разоткријат, па морала да го разоткрие ЈНА“.

Вкрстеното испитување на Василевиќ ќе продолжи утре. Неговото сведочење вчера беше затворено за јавноста.

Денес во судницата се зборуваше дека обвинителите пуштиле снимки со делови од неговото сведочење од судењето на поранешниот претседател на Србија Слободан Милишевиќ.

Василевиќ ги потврди тие искази кои датираат од 2003 година и потврди дека се внесени како докази.

Судскиот совет денес го одби барањето на обвиннителството да се прифати како доказ целио исказ на Василевиќ од судењето на Милошевиќ, бидејќи сведокот изјавил дека не го прочитал, пренесува Бета.

Обвинителот Даглас Стрингер претходно поднесе жалба бидејќи „сведокот одбил да соработува“ и „15 месеци го одбегнувал подготвителниот разговор“, како и дека „не сакал да ја погледне снимката од своето сведочење од cyдењето на Милошевич“ којашто му била доставена.

Василевиќ на судењето на Станишиќ и Симатовиќ сведочеше на налог на судот, преку видео повик од Белград.

Ниту еден од обвинетите не присуствуваше на денешното рочиште, првообвинетиот поради хронична болест, додека за второобвинетиот не беше откриена причината за отсуството.

Станишиќ и Симатовиќ ги уапсија и испорачаа во ХАГ српските власти, пролетта 2003 година, непосредно после убиствoтo на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

После првото судење, кое започна во 2009 после еден неуспешен обид, првостепениот суд во ХАГ на 29 мај 2013 година ги ослободи Станишиќ и Симатовиќ од сите пет точки од обвинението.

Меѓутоа, апелациониот суд на 15 декември ја усвои жалбата на обвинителството, ја поништи пресудата и донесе одлука за повторување на постапката.

Злосторствата за кои беа обвинети Станишич и Симатович, се извршени со злосторничко здружување со цел трајно и насилно укинување на Хрватите и Муслиманите од поголем дел од територијата на Хрватска и БиХ и воспоставување на српска доминација.

На чело на злocтopничката група бил тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ.

Повторното судење на Станишиќ и Симатовиќ кое започна на 13 јуни 2017 година е последна фаза од хашкиот процес во кој се утврдува дали обвинетите се одговорни за воените злосторства во Хрватска и БиХ.

Досега ниту еден српски функционер не бил осуден за овие злосторства пред Хашкиот трибунал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This