ЖЕЉКО САМАРЏИЌ НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ: Доби изненадување од македонската пејачка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жељко Самарџиќ во саботата одржа спектакуларен концерт во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Неговите обожаватели кои ги има од сите генерација, најмлада па до најстара сите во еден глас ги пееја неговите најголеми хитови. На концертот Жељко имаше и свои гости, а тоа беа легендарните „Амадеус бенд“.

Жељко на концертот го спомна и Тоше Проески, а во негова чест ја отпеа песната „Анџеле“.

Самарџиќ има многу пријатели низ Македнија, а меѓу нив и пејачката Калиопи Букле.

Калиопи не можеше да присуствува на концертот на нејзиниот колега бидејќи беше надвор од Македонија, но затоа му прати поздрав и мало изненадување.

Имено, Калиопи му прати цвеќе на Жељко со посвета:

„Пријателе мој, кога не сум таму јас сум со тебе. Вечерва биди величествен, како што си секогаш. Те сакам“ напиша Опи во посветата.

Самарџиќ овој гест го сподели на својот „Инстаграм“, а во описот напиша „Еднинствена и неповторлива“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This