April 25, 2024, 12:18 am

ЖИВЕАТ ВО СКЛАД СО ПРИРИДАТА: Скриена комуна со 400. жители во која единственото правило гласи „но сикирики“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Домовите ги ладат и греат со геотермални топлински пумпи, а големо внимание посветуваат на своето здравје и физичка активност.
Серенбе е еко комуна cкpиенa меѓу четиристотини хектари шумско подрачје јужно од Атланта во Соединетите Американски Држави. Заедницата е создадена пред 15.тина години според дизајнот на архитектот др. Филип Таб и идеите на брачниот пар Најгрен кои живеат во неа.
Основна идеја на комуната е живот без стpeс, односно според принципите по кои живееле нашите претци. Членовите живеат во склад со природата. Јадат исклучиво органска храна која се одгледува на локалните фарми, а на располагање имаат и три гурмански ресторани.
Домовите ги ладат и греат со геотермални топлински пумпи, а големо внимание посветуваат на своето здравје и физичката активност.Жителите на Серенбе работат во градина, јаваат коњи и кога можат одат – пешки.

Комуна скpиeна со шума недалеку од Атланта

Комуната ги прифаќа содржините за кои има најмногу интерес без оглед на годините, како што е велнес центар, фитнес центар со студија за јога и пилатес, а на располагање им е и голем заеднички базен.
Во Серенбе на цена е љубовта кон природата, страста кон животот и заедницата и креативност. Комуната поттикнува креативна работа и редовно организира бројни уметнички предавања, изложби, прикажува филмови за своите членови, како и нивните гости.
Како изгледа животот во комуната Серенбе можете да видите на нашите фотографии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This