ЖИВКОВСКИ ДО ТЕМЕЛКОВСКИ: Доста е од празна демагогија, конечно излезете од кабинетот, слушнете ги потребите на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако градоначалникот Темелковски е наш сограѓанин, истиот се однесува како да не живее во нашата општина и нема никаков слух за барањата и потребите на жителите.


Покрај многуте неиcполнети ветувања, Темелковски периодов останува глyв и на барањата на родителите на учениците од четврто и петто одделение од неколку основни училишта од Кисела Вода кои упорно бараат воведување на продолжен престој за нивните деца, истакна Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

Иако радува податокот дека Општина Кисела Вода има зголемен природен прираст на населението, дека се зголемува бројот на првоодделенчињата, но за жал локалната самоуправа и градоначалникот Темелковски не прават ништо за нашите најмлади сограѓани. Напpoтив, и тоа што како можност и право е предвидено со Законот за основно образование, општината не се труди да го исполни.

Имено, Законот за основно образование вели: „Ако се обезбедени услови и средства од основачот, основното училиште може да организира продолжен престој за учениците во групи и тоа од прво до петто одделение со ученици од исто одделение или од прво до трето одделение и од четврто и петто одделение со ученици од различни одделенија“. Понатаму во законот се вели: „Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот односно старателот“.

Бидејќи е голем бројот на родители кои имаат барање за организирање на продолжен престој во училиштата во Кисела Вода го повикуваме градоначалникот Темелковски конечно да се одважи и да предложи одлука до Советот на општината со која ќе обезбеди средства за финансирање на наставници за продолжен престој.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ваквата одлука целосно ќе ја поддржи, а се во интерес на родителите и учениците.

Господине Темелковски, доста е од празна демагогија, конечно излезете од кабинетот, слушнете ги потребите на граѓаните и конечно почнете да носите одлуки во нивен интерес и не заборавајте дека и локалните избори се ближат, а со тоа се ближи и крајот на вашето pacипничко однесување и владеење, истакна Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

Изјава Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода

Доста е од празна демагогија, конечно излезете од кабинетот, слушнете ги потребите на граѓаните!

Posted by infomax.mk on Thursday, September 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This