March 28, 2024, 10:17 pm

ЖИВОТНАТА ТАЈНА НА ШАБАН ШАУЛИЌ: Вонбрачниот син Роберт и синот Михајло за прв пат се сретнаа на испраќањето на нивниот татко!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роберт Шаулиќ, вонбрачниот син на Шабан, присуствуваше на испраќањето на неговиот биолошки татко каде за прв пат се сретна со своите полубрат и полусестра.

Иако со години не го имал видено Шабан и немал контакт со него и неговото семејство, Роберт Шаулиќ тешко ја поднел веста за заминувањето на Шабан.

На испраќањето на легендарниот пејач тој влегол во капелата и на семејството му изразил сочувство, а според очевидци му пришол на неговиот полубрат Михајло и со насолзени очи се поздравил со него, што официјално била нивна прва средба во животот, пренесува српски Курир.

Шабан Шаулиќ Роберт го добил во 1972, како вонбрачно дете со една Србинка, која тогаш работела во Германија. Неколку години подоцна, тој се сретнал со својот татко и сопруга Гордана, со која ги има ќерките Санела и Илда и синот Михајло.

Нена, мајката на Роберт работела во Германија и го оставила уште како бебе кај својата тетка во Батајница. Еден ден тетката одлучила да го однесе во Зрењанин, кај баба му и дедо му, бидејќи неговата мајка Нена не испраќала пари за неговото издржување.

„Тогаш, мојот сопруг и јас поминавме пред куќата каде што живееа родителите на Нена и го видовме бебето на улица. Тогаш имаше само 10 месеци. Јас веднаш го одведов во нашата куќа, и малиот Роберт веднаш ми легна на срце“ – вели сосетката Радованка, попозната како баба Сека, жената која го одгледала и пораснала и со која и ден денес живее Роберт, вонбрачниот син на Шабан.

„Шабан и Гоца редовно доаѓаа да го посетат Роберт. Шаулиќ ми даде златни обетки, кои ги носам и денес, и ми подари скапи вазни. Тој ми даваше пари за сè што му е потребно на Роберт, а го одведов во бања Русанда кај Меленци на терапија за да прооди. Додека работев во градината, го носев Роби на грб и копав. Сепак, тој наскоро прооде, но и ден денес сé уште криви на едната нога“- ќе изјави Радованка за српскиот Телеграф.

Таа вели дека Шабан редовно ја повикувал за да праша дали на Роберт му треба нешто.

„Тој кришум доаѓаше да го види во мојот двор. Тоа го правеше со години. Речиси половина од животот на Роби беше така. Кога го прашав Шабан зошто не му посветува поголемо внимание на Роберт, тој само молчеше“ – заклучила Радованка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This