ЖИВОТОТ ВО ДУМА СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА: Околу 250 цивили се вратиле назад во Дума, животот се враќа во нормала, терорисите се предаваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата во сириската Источна Гута се стабилизира, а во градот Дума веќе се вратиле 250 цивили, изјави началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија генерал-мајор Јуриј Јевтушенко


„Ситуацијата во Источна Гута се стаблизира. Борбите во градот Дума ги нема, а животот на жителите се враќа во нормала. Во своите домови се вратија 250 луѓе“, рекол Јевтушенко.

Јевтушенко напоменува дека „за спречување на провокации, обезбедување на безбедност, одржување на редот и оганизацијата ќе помогне и локалното население во Дума, а почнале да работат и единиците на руската воена полиција“. Исто така функционираат и контролните пунктови кои ги воспостави руската страна, додава тој.

Јевтушенко наведува и дека се извлеуваат припадниците на Дејш ел ислам од сириска Дума, а од градот во последниот ден се извлечени 1.500 милитанти и членови на нивните семејства низ хуманитарниот коридор во населбата Мухајам ел Вафедин.

„За време на повлекувањето на припадниците на групата Џејш ел ислам во Центарот за помирување го предадоа своето вооружување, три илјади парчиња муниција, пет рачни бомби и 31 радио станица“, истакна Јевтушенко.

Мајорот исто така рекол дека и покрај моменталниот прекин на огнот во Сирија, заедничкиот иранско-руско-турски координативен центар во последните 24 часа забележал нарушувања во провинцијата Алепо, Латакија и Дера.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This