April 25, 2024, 12:22 pm

„ЖИВОТОТ“ НА ЗАЕВ ЗНАЧИ ЦУНАМИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Зоран Заев ќе остане запаметен како премиер кој во најкус можен рок ја втурнал државата во пропаст!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев ќе остане како премиерот на Република Македонија кој во најкус можен рок ја втурнал државата во пропаст. Неговиот план за живот за обичните граѓани значи цунами кое им го руши стандардот, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Зоран Заев на митингот во Гевгелија.

-Зоран Заев  е нервозен и свесен за изборниот пораз, затоа и вечерва се служеше со старите и излитени фрази, грст навреди и лажни ветувања за живот, апстрактни поими кои се неодредени категории, без конкретни решенија за она што им треба на граѓаните. Ветуваат пари за сите, а во изминатите 4 месеци единствените пари кои ги видовме беа оние наменети за тендерите на Анѓушев, парите со кои Заеви си го проширија бизнисот и по цена на обична гарсоњера се стекнаа со цела фабрика, парите потрешени за филмската измама Санос и редица други коруптивни скандали, се наведува во реакцијата.

Од партијата велат дека на тоа ќе му дојде крај. Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е новата ера заоснована на кокретни цели. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за:

  • Зголемување на приходот по жител од постоечките 5000 на над 12 000 долари по жител
  • Отворање на 150 000 нови работни места, и намалување на невработеноста под 10%
  • Намалување на сиромаштијата за 3/4 од онаа што е постоечка
  • Континуирано зголемување на платите, пензиите и земјоделските субвенции
  • Пониски даноци и поголема поддршка на малиот и среден бизнис
  • Преполовување на невработеноста помеѓу младите
  • Издвојување на 6% од БДП за финансирање на образованието
  • Нова ера на големи вложувања во екологијата
  • Полесно и поевтино стекнување на сопствен дом
  • Супер брз интернет на секое место

– СДС нема да му помогнат злоупотребите кои ги прави, ниту политичките хајки кој ги води. СДС не може да го победи народот кој ќе ги казни на 15 октомври, се наведува во реакцијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This