„ЖИВОТОТ“ ПРИСТИГНУВА ПО ПОЛНОЌ: На светските берзи паѓа цената на нафтата, во Македонија од полноќ повисоки цени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, да се зголемат во просек за 1,41 отсто.


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажните цени на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,016 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,711 ден/кг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This