„ЖИВОТ“ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, НЕМА: Праските пловат по Црна Река, земјоделците од Струмица ќе го фрлаат и пиперот, доматот и краставицата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Струмичкото поле преполно со домати, краставици и висококвалитетни пиперки, но без реална откупна цена.

Игнорирани од владата на СДС, земјоделците се револтирани поради ниската цена на пиперките и доматите.

-Ја губиме надежта дека работите ќе се мрднат од мртвата точка. Цената оваа година е поразителна, велат земјоделците.

-Земјоделците се песимисти дека ќе се најде решение, бидејќи никој не ни нуди реално решение. Се сретнавме со преставнци од министерството каде освен политичко обраќање не ни понудија реална поддршка и субвенционирана цена, велат земјоделците.

-Откупот е стопиран побарувачката е слаба, велат од Сојузот на земјоделци од југо-истокот.

-Цените паднаа, не се движат работите. Потребен е интервентен откуп на овие производи. Цената на доматот е околу 15 денари, а краставицата во струмичко се откупуваше по само 2 до 3 денари, по што новите и плантажите се преполни бидејќи земјоделците одбиваат да ги берат по вака ниски цени, но не за долго бидејќи истите ќе скапат, додаваат од Сојузот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This