„ЖИВОТ“ НА ТРОТОАРОТ ПРЕД БАНКА: Нема субвенции за тутунарите, праските завршија на улица или во Црна, земјоделците граѓани од трет ред!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ за време на изборната кампања ветуваше повисоки субвенции за тутунарите, навремена исплата на субвенциите, зелена нафта, разни помоши од државата , и.т.н. Сето тоа во програмата “За живот”, живот кој тутунарите во Прилеп и производителите на праски, домати, краставици “одличнo” го почувствуваа како за аирлија – пишува локалниот прилепски портал „Маркукуле“

Минатата недела министерот за земјоделство шумарство и водостопанство најави исплата на преостанатите субвениции за 2016 година за во вторникот, притоа приоритет давајќи им на тутунарите, нешто на што прилепчани чекаат месец дена залудно и покрај тоа што се знаеше дека пари во буџетот на државата за нив има – пренесува „Маркукуле“

Сепак, тутунарите не дојдоа до пари во вторникот. Исплатата започна наредниот ден, а на сметките на тутунарите ги нема повисоките субвенции кои му беа ветени, или 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета класа, суми за кои прилепчани веруваа дека ќе бидат вкалкулирани на нивните сметки, имајќи во предвид дека чекаа долго време. Всушност, така им ветуваше и нивниот сограѓанин Хари Локвенец – додаваат од „Маркукуле.

 

Но, загрижуваат реакциите по социјалните мрежи, каде се вели дека не сите тутунари ги добиле своите заслужени средства. Навистина е нечовечки да се поигрува со маката и трудот на овие луѓе, кои на +38 степени надвор, чекаат во ред пред Тутунска Банка во Прилеп, за дел од нив на крајот да излезат со наведната глава.

Прилепчани поминаа низ една голема голгота. Во период кога овие пари им се потребни околу почетокот на новата производствена реколта, некој од канцеларии си поигрува со нив и нечовечки гризе од нивната мака.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This