ЖИРАНТИ: Скопјани мака мачат со враќање туѓи кредити!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ретко кое семејство во денешницава нема земено некој кредит. Без некаков кредит, тешко кој може да си ги задоволи потребите. Некој за доградување, или купување стан, за реновирање, за купување автомобил, за одење на одмор или пак за секојдневни потреби.
Зависно од тоа, за каков кредит станува збор, банките бараат и жиранти. Денеска да бидеш жирант ти е меч со две острици.

-Моите заглавија пред околу 15 години. Тие не се решија да тужат, во тоа време судиите беа ептен многу корумпирани, па немаше поента. На татко ми му ја блокираа сметката и целата плата му одеше таму сигурно 3-4 години. Многу лош период беше тоа. Живеевме само со платата на мајка ми со која едвај успевавме да ги покриеме основните трошоци. По некое време среќа што јас почнав да работам, па им помогнав да го надминеме периодот. Всушност, тоа и ми беше мотивација да почнам да работам. Решив да побарам работа еден ден кога немав 20 денари за автобус, врнеше, а чадорот ми беше скршен. Помизерно не сум се чувствувала.

-Пред пет години дојде јатрва ми со плачење дека итно и’ требаат пари и дека мора да земе кредит за да ги покрие долговите за струја и за вода бидејќи веќе имала извршно решение. Првин побара пари од мене, но кога сфати дека немам да ч позајмам, побара да и’ бидам жирант за да земе потрошувачки кредит. Не видов ништо лошо во тоа и потпишав. Не знаев дека тој потпис ќе ме чини пет илјади евра од мој џеб. Немаше ништо спорно една година. Ратите си ги намируваше таа, но потоа ненадејно заминаа во странство. По неколку месеци добив писмено известување од банката дека сум првиот жирант и ме известуваат дека има неплатени рати за три месеци. Од тогаш плаќам туѓ долг“, вели , Виолета Атанасовска од Скопје.

Поведени од приказните на жирантите, се обидовме да дојдеме до бројката колку македонски граѓани ја делат истата судбина. Резултат нема бидејќи ниедна институција не располага со збирен податок за бројката на изгорени граѓани. Секоја банка посебно си има своја статистика, но таа е за интерна употреба. Во банкарските кругови кружи бројка од илјадници измамени граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This